Најубавиот принц на Европа маѓепсува со неговиот посебен изглед: Ѕвезда на скандинавскиот „Вог“

Насловна фото: Profimedia

Принцот Николај од Данска е ѕвезда на новото скандинавско издание на „Вог“, а згодниот 22-годишник позираше во нежно розово сако од Диор со бела јака, косата му беше исчешлана наназад, додека зад него може да се види прекрасен пејзаж.

Младиот принц направи цела серија фотографии, на кои најчесто е во впечатливи костуми, јакни или палта со светли бои. Го гледаме во прекрасно сино палто со бели копчиња, па во портокалови панталони и розова јакна, како и во сатенски црн блејзер со сребрени цветови.


Во секој случај, Николај покажа дека е мајстор во својот занает и дека моделингот и те како му лежи, а жените на социјалните мрежи, февруарската насловна страница на скандинавскиот „Вог“ ја нарекоа „легендарна“ и „убава“.

Данскиот принц, внук на данската кралица Маргрете Втора и син на принцот Јоаким и неговата поранешна сопруга Александра, грофицата од Фредериксбург, веќе неколку години гради кариера во светот на манекенството.

Тесно соработува со брендовите Диор и Бурбери, а неодамна ја затвори Париската модна недела на ревијата на данскиот бренд „Рејнс“, шетајќи по пистата во црни карго панталони, дуксер и преголема јорган јакна.


Егзотичниот изглед, висината, но и кралското потекло одат рака под рака со Николај, па сите му предвидуваат светла иднина во манекенството. Некако нетипичниот изглед на Европеец ѝ го должи на неговата мајка, која е родена во Хонг Конг во семејство со англиско, кинеско и австриско-чешко потекло.

Покрај манекенството, Николај е фокусиран и на студирањето на Бизнис школата во Копенхаген, а овој семестар го минува во Париз.

Во разговор за „Вог“ тој истакна дека е сосема природен пред камерата, бидејќи од детството е јавна личност, а се присети и на моментот кога го известил семејството за својата одлука да стане модел...

- Никој не беше против тоа. Секако, ќе морав да се справам со тоа заедно со сите други обврски. Да најдев работа во која било друга индустрија, ќе морав повторно да му кажам на моето семејство. Моите родители дефинитивно ми се најголеми обожаватели“, изјави Николај.


Тој е седми во редот за данскиот трон, но не добива никаков приход од кралството. Исто така, ниту неговиот татко ниту неговата баба не бараат од него да извршува никакви службени должности.

„Не смее да бидеме принуден на ништо. Животот на Николај мора да биде целосно според неговиот план. Сакам да му помогнам на неговиот пат и да се обидам да го инспирирам“, истакна принцот Јоаким во 2017-ма година. 


Извор: zena.blic.rs