Не можев да верувам дека ова се повторува по 20 години: Џеј Ло откри како Бен Афлек ја побарал за сопруга
Џеј Ло откри детали за романтичната свршувачка со Бен Афлек
Џенифер Лопез повторно е во центарот на вниманието откако објави дека повторно е свршена, а сега на својата веб-страница откри како изгледал тој момент.
Џенифер Лопез и Бен Афлек по две децении решија повторно да си ја пробаат среќата и да ѝ дадат шанса на љубовта, а познатата ѕвезда заплака од среќа на видеото кога го покажаше свршеничкиот прстен.
Бидејќи не се познати многу детали за свршувачката, Џеј Ло решила да сподели нешто и со фановите.
Имено, таа откри дека Афлек ја запросил додека била во бањата и уживала во топла купка.
- Сабота навечер, бев на омиленото место (во бањата), уживам во купката, доаѓа љубовта на мојот живот, клекнува и ме запросува.
Само гледав во неговите очи додека се смееше и плачеше во исто време, и не можев да верувам дека ова се повторува по 20 години. Не можев да зборувам, а тој само рече: „Дали тоа значи ДА?“ - напиша Џенифер.
Лопез изјави дека ова било сосема неочекувано за неа и дека е пресреќна што нивната љубов добила втора шанса.
- Цело време плачев и бев пресреќна, беше толку романтично, не можев ни да замислам дека такво нешто ќе ми се случи - додава Џеј Ло.
Прстенот со зелен дијамант ѝ е особено важен бидејќи зелената е нејзината омилена и среќна боја.
извор:GLOSSY