Се верија Џенифер Лопез и Бен Афлек: Пејачката во солзи ја потврди среќната вест и го покажа прстенот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

 Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно на чекор од брак! 

По речиси две децении, омилената холивудска двојка, Џеј Ло и Бен повторно се на пат да станат маж и жена.

На својот Инстаграм, преку видео, Џенифер рече дека има многу возбудлива вест што сака да ја сподели.

 

А подоцна на својата веб-страница објави видео во кое плачејќи соопштува дека таа и Афлек се вериле, а го покажа и прстенот со зелен камен.

Потсетуваме, Лопез и Афлек ја обновија врската по речиси две децении. Беа свршени до 2004 година, кога ја раскинаа свршувачката и решија секој да тргне во свој правец. Во меѓувреме и двајцата се венчаа и добија деца, а откако се разделија со претходните партнери, Џеј Ло и Бен повторно ја обновија врската.