Сите шест веренички прстени на Џенифер Лопез: Најскапиот е 5 милиони долари, „најевтиниот“ 100.000 долари (ФОТО)
За Џеј Ло со право може да се каже дека е кралица на веридбите.
Познатиот пар Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно уживаат во љубовта, а актерот пред некој ден ја запроси по втор пат ѕвездата.
Една од најпознатите поп диви Џеј Ло досега се верила 6 пати. На нејзината рака блескаа дијаманти, а вредноста на најскапиот веренички прстен кој го добила е неверојатни 5 милиони долари.
Првиот прстен што го доби Џенифер чинеше „банални“ 100.000 долари.
Не знаеме дали во прашање бил прстенот или нешто друго, но љубовта меѓу неа и нејзиниот прв вереник Ојани Ноа не траеше долго. Двојката се разведе по една година брак.
Потоа во 2001 година Џенифер доби нов дијамант од Крис Џејд вреден милион долари. Но, и таа врска беше „кратка“.
Следен кој ја вери беше Бен Афлек кој во 2002 година ја запроси славната пејачка со прстен вреден 2,5 милиони долари. Иако парот беше многу среќен, непосредно пред свадбата во 2004 година дојде до раскинување.
Една од најдолгите врски што ги имаше Џеј Ло беше бракот со Марк Ентони со кој има близнаци, а кој траеше десет години. Од него Џенифер доби прстен вреден 4 милиони долари.
По раскинувањето, Џенифер си најде нова сродна душа, Алекс Родригез, со кој беше во бурна врска четири години. Неговиот прстен не бил толку вреден како оној што го добила од Марк Ентони, тој вредел „само“ 1,8 милиони долари. Сепак, би се рекло дека тоа е врската во која популарната пејачка уживаше со најголема страст.
Прстенот кој Џеј Ло го доби пред само неколку дена, чини вртоглави 5 милиони долари!
Старо-новата романса со Бен сепак победува, ако се гледа по цифрата одвоена за прстен.фото:diamondhedge.com