Не старее: Маја Гроздановска Панчева и денес иста како пред 20 години

Уште веднаш кога се појави на сцената пред две децении, привлече големо внимание. Не само поради исклучителниот вокал, туку и поради вонвременската убавина. Маја Гроздановска Панчева низ годините создаваше фантастични песни надополнети со исклучително добри видео записи, а нејзината трансформација секогаш значеше нешто ново и светски. Таа беше и предвоник на трендови своевремено. 

Маја долги години е во брак со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев и имаат две ќерки. Не е многу активна на македонската музика сцена, но тоа не значи дека нема повторно да ја видиме.

Она што е интересно е тоа што таа како да не старее. Изгледа исто како пред 20 години. Витко тело, убав тен, широка насмевка, догла руса коса. И сето тоа е природно на неа. Секоја чест Маја!

* Со ќерките Марија и Надица

* Со Здравко Чолиќ и сопругот Дарко Панчев

Фото: Фб. профил на Маја Гроздановска Панчева