Негова кума беше Лејди Ди - се ожени грчкиот принц Филипос: Невестата маѓепса во раскошна „Шанел“ венчаница (ФОТО)

Синот на грчката кралска двојка и 34-годишната Нина Флор од Швајцарија ја овековечија својата љубов.

Грчкиот принц се ожени на гала церемонија во Атина, а сите се маѓепсани од венчаницата на невестата.

Принцот Филипос од Грција и Данска (35), најмладиот син на последниот грчки крал Константин II и кралицата Ана Марија, викендов ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Нина Флор (34) на раскошна свадбена церемонија во Митрополитот Катедралата во Атина.

По малата церемонија во Сент Морис во декември минатата година и настаните во Стибингтон Хаус, организирани на крајот на мај, тие решија повторно да ја прослават својата љубов.

Невестата, која е наследничка на авиокомпанија, за овој посебен ден избра луксузна венчаница од свила и тафт, во која прошета до олтарот, а е со потпис на француската модна куќа „Шанел“.

Таа носеше венчаница со долг превез и античка тиара со бисери и дијаманти, која кралицата Ана Марија ја наследи неколку недели пред нејзината венчавка со кралот Константин Втори.

Роден во Лондон, принцот Филипос, чија кума беше британската принцеза Дијана, е поврзан со бројни кралски семејства низ Европа, па не е чудно што многу од нив беа на оваа свадба.

Иако не е со сина крв, Нина Флор потекнува од богато семејство. Нејзиниот татко ја основал луксузната приватна авиокомпанија VistaJet во 2004 година, а нејзината мајка Катарина Конечни го започнала руското издание на магазинот Vogue и е креативен директор на брендот Fabergé.

извор:stil.kurir.rs
фотографии:Profimedia