Нека ви заиграат копчињата: Александар Тарабунов со поддршка од татко му Ванчо и сестра му, промовираше нова песна

Добивај вести на Viber

Во диско ритам, во ритамот на седумдестите е новата песната на Александар Тарабунов, „Само ти ми фалиш“, која сношти беше промовирана во Скопје. 

И целата промоција беше диско журка, во предновогодишен амбиент, на која танцуваа гостите од сите генерации. Меѓу нив и нашата музичка легенда, Ванчо Тарабунов, кој е многу горд на својот син, Александар. Поддршка константно му дава и сестра му, уметницата Христина Тарабунова.  

Тарабунов, кој е вработен во Националната опера и балет, паралелно ја тера кариерата со поп музиката, но и настапува во кабаре, во Битола. И целиот спот е една весела кабаре приказна. Во песната, гостува и Тамара Тодевска, која не беше на промоцијата, поради претходно закажан настап во скопски клуб.  

-Се надевам дека оваа песна ќе ве допре сите, и убаво ќе се забавувате. Верувам дека додека ја слушате, копчињата ќе ви заиграат“, рече Александар пред гостите. 

Тој е автор на песната, а аранжамнот го правеа заедно со Роберт Билбилов, кој не дојде на промоцијата, но глуми во спотот. Зоран Зонде Стојановски е автор на текстот, а тој изјави дека се потрудиле да дадат сè од себе за оваа песна.  

 -Немам што да кажам доолнително. Сè е кажано во некои книги што се претходно напишани“, изјави Стојановски. Тарабунов пак ни изјави дека периодов е окупиран со настапите во Операта, ангажманите со поп-музиката и кабаре- настапите, а за приватниот живот, тоест за неговата девојка не сакаше да коментира. 


М.Џаровска 

Фото: В.Тануровски

ГАЛЕРИЈА: