Животна училница // Приказни
Необична невеста: Се омажи познатата македонска инфлуенсерка (ФОТО)
- 22 Февруари, 2022
Познатата македонска инфлуенсерка Марис Џолин која има над 51 илјади следбеници на Инстаграм и над 60 илјади следбеници на Тик Ток, денеска го кажа судбоносното „да“.
Имено Марис изминатиов месец со својот партнер живееше во Шведска, а сега само што се вратија во нашата земја, тие се решија да стапат во брак пред Бога, во манастирот „Св. Јован Бигорски“.
Имено фотографии од венчавката може да видиме на нејзиниот профил на Инстаграм. Невестата избра необичен аутфит, односно бели панталони и блуза со пердуви, наместо невестински фустан. Изгледот го надополни со нежна елегантна бела бунда и високи потпетици. Со нежна шминка и залижана пуштена коса, Марис е вистинска убавица.
Честитки!