Утринско кафе со Марис Џолин: Сакам кога утрата ми почнуваат со убави и пријатни зборови

Добивај вести на Viber

Најчесто денот го почнувам со yтринско кафе со мојата мајка и моето маче Мила во скут. Не сакам галама, музика или вклучен телевизор во позадина, сакам тишина и пријатен муабет. Сакам кога утрата ми почнуваат со убави и пријатни зборови. 

Ме мотивираат успешни, работливи и вредни луѓе. Емоционално стабилни и реализирани луѓе кои знаат што сакаат и целат кон тоа.

Немам некоја стандардна дневна рутина зошто моментално обврските кои ги имам се различни секој ден. Воглавно поголемиот дел од денот го минувам работејќи на компјутер, цртајќи, едитирајќи, враќање на маилови. Потоа следуваат состаноци, социјални медиуми, како и поминување време со моите најблиски. Се трудам дел од моето време, барем половина час, да посветам на вежбање или било каква физичка активност.

Денот ми завршува со длабинска нега на моето лице, во пижами заедно со мојот сакан споделувајќи интересни моменти од денот кој поминал и опуштање со некој интересен филм или подготвување на некое наше омилено јадење. 

Сакам да читам воглавно информативни содржини, понекогаш гледам добра серија или филм, но тоа се случува поретко.

(*Марис Џолин-модел и блогер)

Фото: Јанакиев Дино