Нежни моменти со ќеркичката: Шехерезад ја покажа Лејла низ низа семејни фотографии

Турската актерска двојка - Бергузар Корел и сопругот Халит Ергенч, најпознати по улогите на Шехерезада и Онур во серијата „1001 ноќ“, го добија своето трето дете пред еден месец.

Третата среќа на актерската двојка е ќеркичка која го доби името Лејла, а Бергузар веќе објави и низа фотографии со неа.

Таа претходно на Инстаграм објави и серија емотивни фотографии од породувањето и откри дека се породувала 11 часа. Папочната врвца на бебето била обвиткана околу вратот, нејзиниот сопруг, Халит цело време бил со неа за време на породувањето.

За среќа се завршило во најдобар ред, а ова се првите фотографии од Лејла.

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

 На една од фотографиите, покрај мама Бергузар и Лејла е и нивното најмало синче.