Никогаш не ставајте прстен на овој прст: Привлекува негативна енергија и ве исцрпува
Познатиот гуру Садгуру неодамна го посети Белград и зборуваше за важноста од зачувувањето на земјата. Тој на својот канал на „Youtube“ зборува за различни теми, а се здоби со популарност кај луѓето ширум светот кои го следат.
Во едно видео, Садгуру зборуваше за тоа што се случува со нашето тело кога носиме накит, поточно прстени. Тој истакна дека организмот е механизам кој има бројни можности. Садгуру верува дека носењето накит може да влијае на нашата енергија и на она што го привлекуваме.
„Носењето прстен на палецот може да привлече одредени сили во вашето тело со кои нема да можете да се справите. Тоа може да донесе стрес. Ако одите на некои места, можете да го привлечете она што го зрачат, дури и негативно, бидејќи металот на вашиот палецот испраќа порака дека ги сакате сите овие сили. Металот има одредена привлечност, одредено влијание, па затоа се користи на одредени начини“ – истакна Садгуру и додаде на кој прст е најдобро да се носи прстен.
„Затоа отсекогаш се верувало дека прстен се носи на домалиот прст, дури на англиски е и наречен така „ring finger“. Во јогата постои цела наука за овој прст, тој се смета за клуч за сѐ што сте. Доколку носите прстен на домалиот прст, кој било метал, системот останува многу стабилен.“
Во својата презентација, Садгуру коментираше и за тоа како носењето пирсинг може негативно да влијае на енергијата: „Ако ставите метал на друго место, на телото, денес луѓето насекаде ставаат метал на себе (пирсинг), тоа функционира на свој начин, има свое влијание. Но, тоа не е одлучувачкиот фактор. Некој може да ги носи сите овие работи и да биде прилично добар, но тоа е како да направите автомобил што е целосно рамен како ѕид и го возите. Сè уште го возите, само што троши двојно повеќе гориво од оној што е правилно направен“.
Извор: www.najzena.rs