Никој не верува дека е во седмата деценија: Сузана Манчиќ доби прекрасно изненадување на 64 - от роденден

Добивај вести на Viber

Поради ситуацијата со коронавирусот, роденденот го прослави во семејниот дом...

Водителката и познатата лото девојка, Сузана Манчиќ се најде во центарот на внимаенито, откако пејачката Нада Топчагиќ сподели нивна заедничка фотографија од минатото. Тогаш тие двете, додека биле на море, позирале без облека.

Денес, Сузана има убав повод за славење. Имено, таа наполни 64 години, иако тоа многу не би го кажале поради нејзиниот неверојатен физички изглед и ведар дух.

Поради актуелната ситуација со коронавирусот, Сузана не е во можност да направи прослава, но затоа роденденот го одбележа во својот семеен дом.

Манчиќ првите подароци и тортата ги доби уште додека беше во пижами. Тогаш се фотографираше, а фотографиите ги сподели на Инстаграм.