НОВА ПЕСНА ПО 5 ГОДИНИ! Од радост до ПРЕМОЌНИ пораки! Марија Шерифовиќ: Нека ви биде добра Новата година и онаа следната... Ако ја има! (ВИДЕО)
Иако новиот музички проект го најави за есен 2023 година, неочекувано, регионалната музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ објави нова песна со необичен назив „Добар Вам дан“.
Без оглед на тоа што во последниот период остава низа успешни концерти зад себе, Марија Шерифовиќ, покрај бројните деловни обврски, долго и темелно работи на својот нов албум. Пет години публиката чека нов албум, но, иако најавуваше дека долго работи на него, на изненадување на многумина, регионалната музичка ѕвезда објави нова песна „Добар вам дан“, која ја потпишуваат Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ.
Музичката ѕвезда смета дека за овој проект треба да ѝ зборува на публиката и песната „Добар вам дан“ да им се обрати, на сите оние луѓе, како што вели, кои живеат во светот кој потсетува на џунгла. Во хаосот со неправди, лаги, во Светот каде не постои милост и разбирање за незаштитените и поинаквите.
„Добар ви ден во она што ви преостана од животот, во густата мрежа на измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете. Добар ви ден во темнината, каде само љубовта го осветлува животот и го покажува патот. Добар ви ден во новата можност за сами да го заслужите сето она што се освојува само со личната храброст и својот талент. Нека ви биде добра Новата година и онаа следната.. Ако ја има!“ - заклучи музичката ѕвезда.