Објавена нова песна од Ѓорѓе Балашевиќ, преслушана над 100 илјади пати: Оливера ја претстави за својот роденден (ВИДЕО)

Сопругата на прославениот кантавтор ја објави неговата песна за својот 63-ти роденден

Ѓорѓе Балашевиќ почина пред една година, а сега по повод роденденот на неговата вдовица Оливера Балашевиќ (63) премиерно е објавена неговата необјавена песна „Роѓенданска“.

- Само еднаш реагирав бурно. Секогаш пишуваше за некои пропуштени, несреќни љубови, како љубовта не победува, како не стигнал или доцнел на нејзината свадба и слично... И тогаш му реков: „Напиши песна дека си заљубен во баба“. Се разбира, тој ми упати еден од тие негови погледи. И напиша песна - рече Оливера.

На нејзиниот 63-ти роденден, Оливера ја претстави новата песна на нејзиниот покоен сопруг во Нови Сад на улицата Јована Цвијица пред бројот 33 пред неколку стотици луѓе кои се собраа таму вечерта на нејзина покана.

Беше претставено и дополнето ажурирано издание на антологијата на љубовната поезија на Балашевиќ „Допир на свилата“ и неговата необјавена песна.

Песната „Роѓенданска“ беше објавена на 29 април, а веќе е преслушана повеќе од 100.000 пати, а обожавателите на починатиот кантавтор имаат само пофални зборови за оваа песна.


- Совршенство. Ништо на овој свет не буди во мене хаос од емоции како генијалноста на овој човек. Ви благодариме за тоа – стои во еден коментар.