Одам на хемотерапија, ќе видиме што ќе се случи: Марина Туцаковиќ проговори за здравствената состојба

Текстописецот Марина Туцаковиќ веќе подолго време води битка со ракот на дојка, кој и беше дијагностициран во февруари 2018 година.

Таа сега проговори за својата здравствена состојба, а на прашањето како се чувствува одговори:

„Да бидам искрена, онака. Одам на хемотерапија и ќе видиме што ќе се случи. Искрено, не можам да ви кажам дека се чувствувам подобро“.

Познато е дека таа е вечен оптимист, а сега раскажа како се чувствува од психолошка страна, во текот на тешката битка.

„Не размислувам за тоа како се чувствувам во психолошка смисла, некогаш сум оптимист, некогаш и не сум“ - рече таа и додаде:

„Поддршката од семејството е навистина важно и дури посакувана, може да помогне, но кога се чувствувате лошо, тогаш воедно чувствувате дека никој и ништо не може да ви помогне. Сето тоа сигурно е процес кој треба да се одвива. Меѓутоа, изгледа дека се навикнав на оваа борба, што да правам“ - искрена беше Марина.

Инаку, таа летово изјави дека короната многу влијаела на нејзината работа и приходите и дека поминува низ финансиска криза. Призна дека ниту лечењето не и оди од рака, кое бара многу и дека е скапо, но дека со приходите кои моментално ги остварува благодарение на авторските права некако успева да исплива на површина.

Извор: glossy.espreso.rs