Омилениот кралски пар одби да се појави на свадбата на синот на Бекам: Зошто кажаа „НЕ“?!

фото:VilijamFoto:Profimedia

Во саботата, на 9 април, Дејвид и Викторија Бекам го венчаа својот најстар син Бруклин со ќерката на богатиот Американец Нелсон Пелц, а на венчавката ги поканија и кралската двојка Вилијам и Кејт, но, очигледно, тие не се одзваа на поканата.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја одбиле поканата за венчавката на Бруклин Бекам и Николас Пелц, јавуваат британските медиуми. Иако кралската двојка ги покани Бекамови на нивната свадба во 2011 година, се чини дека сега тие љубезно ја одбија нивната покана.

„Дејвид и Викторија им пишаа на Кејт и Вилијам и ги поканија како семејство на свадбата на нивниот син, но Вилијам им одговори дека им посакуваат среќа, но дека сепак не можат да дојдат“, рекол извор за Дејли Мирор.

Бекамови беа гости и на свадбата на принцот Хари со Меган Маркл во 2018 година, па многумина беа убедени дека војводата и војвотката од Сасекс ќе дојдат на Палм Бич, наводно Викторија и Меган се многу добри пријателки, а нивните дружби се се' почести откако Хари и Меган се преселиле во Америка.

Во февруари 2020 година, Дејвид рече дека е многу горд на својот прекрасен пријател Хари откако се ожени со Меган. А изворот тврди дека во изборот меѓу Хари и Вилијам, Дејвид сепак бил на страната на Кембриџ.

„Историјата на Дејвид со Вилијам и Кејт е подолга, тие се повеќе поврзани и беа единствен избор од кралското семејство, за гости“, пренесува Дејли Мирор.

Официјални фотки од венчавката на Бруклин Бекам и Никола Пелц: Нежна невеста во едноставен фустан, еврејски обичаи и раскош

Во секој случај, на венчавката имало многу познати фаци.

извор:zenablic