Им го загрозувате животот: Останете дома, заради Верче и сите хронично болни деца
„Искрено во овој момент многу сум исплашена, не сакам да кревам паника, но навистина сум исплашена и за дравјето на Верче и за здравјето на сите нас дома“, вели за Женски магазин Анче Туфекчиева, која е мајка на Верче која има 12 ипол години и е дете со даунов синдром. Исто така, Анче е мајка и на Ирина која има 4 ипол години и Стефан кој е најголем и има 15 години. Сите тие, заедно се дома во домашна изолација, сега, кога е наложено од надлежните поради новонастанатата состојба со коронавирусот, но чувањето од вируси и бактерии за нив не е новост. „Оваа ситуација на чување од бактерии и вируси кај нас е секојдневна“, вели Туфекчиева.
„ Верче е дете кое е со намален имунитет, тоа значи дека
нејзиниот организам неможе да се "бори" со вируси и инфекции како
здравиот! Нејзиното здравје е многу "нежно", обично во ек на вируси
честопати минуваме на болнички кревети, со инфузии и терапии“, вели загрижената мајка и апелира до
сите граѓани: „ Може
навистина сите вие ќе го победите овој вирус или било кој друг и ќе продолжите
со животот, но на децата како Верче или сите деца со хронични автоимуни болести, како и старите лица или лица со било каква дијагноза можете да им го загрозите
животот. Останете дома и бидете луѓе пред сѐ, за
сите да пребродиме полесно.“
Анче, вели дека секој дома кај нив си има своја занимација сега во време на домашна изолација, таа најчесто им ги поделува обврските според возрастта, исто така, гледаат детски серии и филмови, се бојат заедно боенки, играат друштвени игри. Таа вели, дека занимација има за оној кој сака да се занимава по дома и се надева дека пролетта ќе ни донесе убави вести и ќе можеме сите да здивнеме и да си кажеме ДОБРО Е,ПОМИНА!
Н. Миланова
Ребека Јанковска- Ристески: Коронавирусот е освестување за сите нас