Откриени сите мрачни тајни на Хју Хефнер: Морбидна вистина за животот во вилата на основачот на Плејбој

Foto: Profimedia

Документарниот филм „Тајните на Плејбој“ кој наскоро ќе ја види светлината на денот ќе ги прикаже сите тајни на кралството на Хју Хефнер.

Основачот на Плејбој, Хју Хефнер бил вампир кој манипулирал и дрогирал десетици млади жени за да учествуваат во понижувачки оргии, притоа се претставувал во јавноста како поборник за сексуалната слобода, се само дел од шокантните детали кои ќе бидат претставени во новиот документарен филм за неговата империја.

Документарната серија „Плејбој тајните“ од вкупно десет продолженија, чија премиера ќе биде на 24 јануари, треба да ја покаже таа темна страна на Плејбој. Серијата се занимава со скриени вистини кои ќе бидат откриени преку ексклузивни интервјуа со инсајдери, вклучувајќи ги поранешните девојки Хју Хефнер, Холи Медисон и Сондра Теодор, како и поранешната „Мајка Банеј“ Пи Џеј Мастен.

Сондра, која сега има 65 години, открива дека морала да учествува во групни оргии пет дена во неделата, а Хју ги организирал таканаречените „Свински ноќи“ на неделна основа, за време на кои носел десетина, како што ги нарекувале, грди проститутки да се дружат со другарите.

Имено, ВИП членовите на ноќните клубови на Плејбој можеле да прават што сакаат, а меѓу нив бил и ценетиот водител на Soul Train Дон Корнелиус, кој наводно држел две зајачици на Плејбој како заложници и силувал една од нив.

Манекенката Холи Медисон, зајачица на Плејбој, која беше во осумгодишна романса со Хефнер, исто така зборуваше за тоа како Хефнер одбил да користи заштита за време на сексот и како начинот на живот во домот дури ја навел до самоубиствени мисли.

Документарната серија вклучува и интервјуа со Линда Лавлејс, порно ѕвезда од 1970-тите, која се прослави со „Длабоко грло“ и која денес тврди дека била третирана како парче месо и дека била принудена на орален секс со германски овчар додека Хефнер и неговите пријатели ја гледале.

Документарецот е снимен како критички осврт на наследството на култниот издавач Плејбој, кој почина во 2017 година на 91-годишна возраст, а кој имаше само 27 години кога го лансираше првото издание на култното списание во 1953 година. Со легендарната Мерлин Монро на насловната, продаде повеќе од 50.000 примероци и создаде империја која траеше со децении.

До 1970-тите, Плејбој продаваше седум милиони примероци месечно, а Хефнер отвори десетици Плејбој клубови во кои членовите влегуваа користејќи клуч што ја отвора влезната врата.