„Ова е мојата порака“: Ријана без двоумење го објасни несекојдневниот труднички стил

Добивај вести на Viber

Откако со месеци го криеше трудничкиот стомак, Ријана сега скоро секогаш го истакнува, а нејзиниот стил е поинтересен од било кога!

Со недели се шпекулираше дека пејачката од Барбадос Ријана е бремена, а таа носеше преголема облека која го криеше нејзиниот стомак и мудро молчеше.



Сепак, сите беа изненадени кога таа на крајот на јануари позираше со раперот и животен сопатник АСАП Роки, истакнувајќи го трудничкото стомаче.



Ријана тогаш облече винтиџ јакна од модниот бренд Шанел од 1996 година, која ја откопча така што нејзиниот стомак дојде во преден план, а оттогаш тој е гол речиси во секоја прилика во која што сме ја виделе Ријана. Без разлика дали оди на вечера со пријателите, на црвениот тепих, гледа модна ревија, оди на отворањето на нејзината продавница за козметика или само се шета со својот сакан, нејзиниот стомак е секогаш нагласен и штрчи низ облеката.



Многумина имаа негативни коментари за тоа, но Ријана не обрнува премногу внимание и ужива во новата форма на телото и прекрасниот период од нејзиниот живот.

Како што сега истакна во интервју за Bustle, не и паѓа на памет да го носи она што се очекува од трудниците.



- Ова е моја лична порака: Нема да купувам облека за трудници! Нема да купувам панталони за трудници, фармерки, фустани или да правам нешто што ми го наметнува општеството – вели Ријана.

Запрашана како би го опишала својот стил, пејачката рече:

- Можеби ... Бунтовен? Кога претходно видов како жените се облекуваат во бременоста, мислев дека тоа е единствениот начин. Затоа се предизвикав да ги поместувам границите и мислам дека одлично си поминувам! За мене нема ништо позабавно од предизвик, тука сум многу креативна. Затоа се охрабрувам себеси на нови идеи и нови начини да направам нешто.



Ријана не крие дека ужива во својата трудничка модна бајка и можноста за експериментирање, а свесна е дека новиот период од животот со себе носи нови фази и нови можности за модни експерименти.



- Не сакам сега да заврши ова! Ќе има и други страни на бременоста, како да се вратите во форма потоа, а тоа ќе биде предизвик за себе. Затоа и во оваа фаза се радувам на креативноста – истакна Ријана.


Стил на денот: Бремената Ријана во провокативно издание на ревијата на Диор