Патувајте безгрижно со патничко осигурување и осигурување на домот со попуст од 30%

Одмор, патување, летувања, викенди, посети на туристички дестинации, сето тоа е зачестено во летниот период. Но за да биде поголема безгрижноста при секое излегување од домот и од местото на живеење, треба сето тоа да биде проследено со чувство на безбедност и сигурност. Затоа, патничкото осигурување гарантира безгрижност и ви ги обезбедува потребните привилегии во случај на незгода додека сте на одмор.

Но вашето отсуство од домот значи дека станот или куќата ги оставате празни и по неколку недели. Тоа, пак, носи разни ризици, започнувајќи од провали, кражби, па сѐ до разни несреќи што можат да се случат во домот како протекување вода, пожар, поплава, штети од силно невреме и слично. Иако провалите и кражбите се најголема закана за домот во време на повеќедневното отсуство, според статистиката, бројот на кражбите е двојно поголем за време на празниците и во сезона на годишните одмори, не се ретки и разните непогоди што можат да се случат и кај вашиот сосед, но еднакво да го оштетат и вашиот дом.

Осигурувањето на домот, имотот, семејната куќа и на сѐ она што поседувате значи дека, и покрај некој непосакуван настан или непогода во домот, пак сѐ може да биде како што било претходно. Со осигурувањето на семејната куќа или на станот се покриени сите ризици што можат да го оштетат она што сте го создавале со години. Во отсуство на осигурување на домот и покуќнината, повторното враќање како што било и санирањето на последиците од такви непредвидливи настани и обновувањето чини многу и долго трае.

Затоа, осигурете го домот и безгрижно уживајте во одморот. Кроација осигурување - неживот озвоможува пакети за домаќинско осигурување, кои може да се скројат според вашите потреби и буџет. Но важно е дека основниот пакет опфаќа широк обем на ризици, и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, бура, град, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, излевање вода од водоводните и канализациските инсталации и уреди и цевки од топловодните инсталации, удар на сопственото моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.

Доколку, пак, имате потреба од дополнително осигурување, Кроација нуди стандарден пакет во кој, освен ризиците од основниот пакет, се вклучени и следниве осигурени ризици: излевање вода од водоводните цевки и од канализациските инсталции, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување земја, кршење стакло на прозорците и на вратите на станбениот објект.

Најмногу ризици се вклучени во третиот пакет домаќинско осигурување, а тоа е премиум пакетот. Овој пакет, освенризиците од стандардниот пакет, дополнително опфаќа и излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање дрво, вандализам, кршење стакла на застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Овој пакет на осигурување содржи и ситни поправки во домот максимум двапати за времетраење на полисата.

За што побезгрижно лето и патување, Кроација осигурување – неживот нуди попуст од 30% на полисата за домаќинско осигурување при секоја купена полиса за патничко осигурување. Акцијата трае во текот на летните месеци, односно до 30.9.2022 година.

За што повеќе можности и поволности, Кроација домаќинското осигурување го има вклучено и во сите КРО пакети (CROпакети) со кои се обезбедува дополнителен попуст на годишната премија. Поволноста кај пакетите КРО СТАРТ, КРО СМАРТ и КРО СУПЕРИОР (CRO START, CRO SMARTиCRO SUPERIOR) е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па секој може да си најде најповолен пакет за сопствените потреби. Со нив се опфатени домаќинското осигурување, осигурувањето патнички возила, осигурување од незгода, како и здравственото осигурување.


ПР објава