Пиво ќе се пие во Скопје, но со нови датуми: Пиволенд 2022 од 03ти до 07ми септември 2022
Големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата- Пиволенд 2022. Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 03ти септември (сабота), а ќе трае до 07ми септември(среда).
Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“и„Craft Stage“.
Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.
„Дојди, Види, Испиј!“ – Пиволенд 2022