По Оскарите, „Медена земја“ и на модната писта: Новата колекција на Кензо инспирирана од документарецот
Уште еден успех на „Медена земја“.
После Оскарите, македонскиот документарец повторно во центарот на светските случувања.
Имено, Кензо, светски познатиот моден бренд, на вчерашната ревија во Париз ја презентираше најновата колекцијата - инспирирана од „Медена земја“.
„Пчеларските костуми“ со кои Фелипе Оливиера Баптиста ја отвори неговата колекција, се инспирирани од „Хониленд“, документарниот филм за пчеларка во рурален дел од Македонија во 2019 година, што служеше како референца, пишува магазинот Вог, во статија за ревијата која ја објавија:
„Филмот го прикажува контрастот помеѓу неговиот протагонист, дама која ги почитува пчелите и го зема само медот што и е потребен за да преживее - „половина за мене, а половина за тебе“ - и нејзините работливи соседи, кои ги исцрпуваат природните ресурси и завршуваат со убивање на пчелите“.
„Тоа е една од најстарите соработки меѓу човекот и природата“, вели Оливеир Баптиста главниот дизајнер на Кензо, додавајќи дека сакал да искаже нешто за кревкоста на ситуацијата во која се наоѓаме.
Галеријата погледнете ја овде, на Vogue