Почнува кампањата „Празнувај одговорно“: Премиерот Заев ќе прослави Нова година дома со сопругата и неговите деца

Здравјето мора да се стави пред задоволството и профитот, истакна на денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека Владата денеска ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести.

Тој информираше дека се наоѓаме пред нов предизвик, а тоа се претстојните празници, нагласувајќи дека од овие причини е одлучено да бидат целосно прифатени новите рестриктивни мерки. Со ова практично започнува и кампањата „Празнувај одговорно“ кои вчера ги предложи Комисијата за заразни болести.

-Рестриктивните мерки ќе стапат на сила на 18.декември и ќе траат до 20.јануари. Се намалува работното време на локалите до 18 часот, а се забрануваат прослави на отворено, како и предновогодишни прослави во компаниите и фирмите. Сега кога сме на чекор до долгоочекуваната вакцина, целта е да издржиме и оваа година треба да одбележиме, а не да празнуваме. Да ја пречеканем Новата година како одговорни граѓани, јас празниците ќе ги поминад дома со сопругата и со децата, рече премиерот Заев.

Целиот текст за кампањата, прочитајте го на Фактор.мк