Покрај него бев најубава на светот, ме познаваше како никој...А потоа ме удри бидејќи се насмеав и почна кошмарот: Сведоштво на судењето на Амбер Херд

Судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деи сѐ уште трае, а секој ден протекуваат нови, неверојатни детали од овој токсичен, турбулентен брак, кој бил проникнат со вербално и ментално насилство, а како што тврди Херд – и физичко.

Манекенката и актерка денеска за прв пат сведочеше за време на ова судење, осврнувајќи се на почетоците на нивната романса. Да потсетиме, парот се запозна на сетот на филмот "The Rum Diary" во 2011 година.

„Се заљубив од глава до петици во овој човек. Се чувствував како да ме знае и да ме гледа на начини на кои никој друг не ме знае. Се чувствував како да ме разбира, да сфаќа која сум навистина. Кога бев околу Џони, се чувствував како најубавата личност на целиот свет, како милион долари“, го започна своето сведочење Амбер.

Таа се присети и како на почетокот мораа да ја кријат врската и да се гледаат тајно, бидејќи Деп токму тогаш се разведуваше од сопругата Ванеса Паради:

„Имавме сцена со бакнување и тоа беше реално. Тој навистина ме бакна со јазикот. Имавме флерт. Ја почувствував хемијата. Имаше тука нешто повеќе од работа. Џони очигледно се чувствуваше исто, но и двајцата имавме врски и работевме заедно и се тоа беше застрашувачко. Бев исплашена и нервозна поради тоа. Раскинавме после тоа и долго време не се слушнав со него. Не бевме во контакт додека еден ден не ме покани кај себе во Беверли Хилс. Беше неверојатно.“ 

Таа рече дека хемијата што ја имале е „тешка за објаснување“, и дека се заљубиле еден во друг во 2011 година за време на промоцијата на споменатиот филм.

„Беше тоа убаво и чудно време. Летавме од еден во друг град, од Европа до Њујорк, Лос Анџелес и патувавме разговарајќи за филмот, а во исто време се заљубивме. Имавме бурна романса во тие убави места и бевме луди еден по друг, а тоа не можевме да му го покажеме на светот бидејќи никој не знаеше за раскинувањето меѓу него и неговата поранешна партнерка. Тој рече дека светот ќе ме обвини мене за нивниот развод и ќе ме нарече растурачка на семејството.

Излегувавме тајно. Беше убаво. Тоа чувство, ќе ми подаруваше раскошни подароци и ќе даваше убави изјави за љубов... Ми рече дека никогаш порано не сретнал жена како мене.

Бев со него неколку недели, беше многу интензивно. Немавме нормални односи, се криевме по светот. Тоа беше балон, таен меур со топол сјај, каде што имаше музика, книги што ги сакавме, поезија што ја знаевме на памет. Тоа беше како сон. Се чувствуваше како апсолутна магија“, изјави 36-годишната русокоса.

„Тука сум затоа што мојот поранешен сопруг ме тужи за зборовите што ги напишав. Се мачам да најдам зборови за да опишам колку ме боли. Страшно е да седам овде со недели и да го доживувам сето ова, да ги слушам луѓето што ги знаев добро, да го слушам бившиот сопруг со кој го делев животот, како зборуваат за нашите животи онака како што ги гледале. Ова е најболното и најтешкото нешто низ кое сум поминала.

Таа потоа премина на делот од приказната каде што нивната голема љубовна приказна се претвора во кошмар. „Никогаш нема да го заборавам тоа, ми го промени животот“, го опиша Херд моментот кога Деп наводно ја удрил за прв пат. Конфликтот настанал поради тетоважата „Wino Forever“ што ја имаше Деп, посветена на неговата поранешна љубов Винона Рајдер.

Седев на каучот и нормално разговаравме.Тој пиеше и мислам дека користеше кокаин. Музиката беше пуштена, пушев пури и го прашав за тетоважата што ја имаше на раката.Ми изгледаше како црна дамка, јас не знаев што пишува.

Тој ми одговори дека пишува Wino, а јас мислев дека се шегува и се насмеав. Ми удри шлаканица, а јас пак се насмеав. Се насмеав затоа што не знаев што друго да правам. Мислев дека е шега. Не знаев што се случува“.

„Мислиш дека е смешно, кучко, мислиш дека си смешна, кучко?“ ми рече. Потоа повторно ми удри шлаканица. Тоа веќе не беше шега. Престанав да се смеам. Ме удри без причина. Уште една шлаканица, знам дека не се шегува. Ме удри уште еднаш, силно. Ја изгубив рамнотежата. Сфатив дека се случи најлошото нешто што можеше да ми се случи. Толку сакав да се пошегува. Станав и погледнав „Никогаш не сум видела возрасен маж да плаче. Ме допре за колена, ми рече дека му е жал, дека мислел дека го отстранил чудовиштето од себе, тој е на колена“, раскажала таа.


Извор: zena.blic.rs

„Таа е луда“; „Никој друг не го прави ова!“: Откриен бизарен детаљ во случајот со Џони Деп и Амбер Херд (ФОТО)