„Таа е луда“; „Никој друг не го прави ова!“: Откриен бизарен детаљ во случајот со Џони Деп и Амбер Херд (ФОТО)

фото:printscreen

Се очекуваше дека судењето меѓу поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Хард внимателно да се следи ширум светот, па не чуди фактот што има многу анализи на секоја нивна реченица, детаљ, гримаса или насмевка од судницата во Вирџинија.

Посебно интересна анализа е објавена на порталот на шпанскиот весник „Марк“, каде што се заклучува дека Амбер Херд игра психолошки игри со Џони Деп избирајќи комбинации на облека кои актерот веќе ги носел на судењето.

Авторите на текстот јасно го изразуваат ставот: „Џони е крал, Амбер е лудачка“ и „Правда за Џони!“.

„Секој ден добиваме нови докази за патолошката опсесија на Амбер Херд со Џони Деп. Од моментот кога двајцата се сретнаа на аудицијата за филмот, нејзината кариера процвета, но јасно е дека таа отсекогаш била опседната со Деп“, пишува во написот.

„Работите стигнаа до точка од која нема враќање кога станаа насилни еден кон друг... Но, доказите во ова судење сè уште покажуваат дека Амбер Херд е вистинскиот негативен лик во оваа приказна. Нејзиниот правен тим четири пати се обиде да ја отфрли тужбата, таа постојано одбиваше да ги обезбеди доказите што ги бараше адвокатскиот тим на Деп. Бидејќи не го доби она што го сакаше, Амбер Херд сега игра психолошки игри со Џони Деп, што може да се забележи.“

На едно од последните појавувања пред судењата, Деп носеше целосно црна кошула со црна вратоврска и сив костум. Амбер Херд се облече сосема исто на првиот ден од судењето.

Деп тој ден реши да носи црна вратоврска на Гучи со знакот на пчелата, а Амбер Херд ја стави токму истата вратоврска следниот ден. 

Џони беше облечен во црн костум на вториот, а Херд на третиот ден од судењето.

"Очигледно, штом ќе заврши судското рочиште, таа оди да купи идентична облека како што Џони носел тој ден. Но, зошто го прави тоа? Дали е тоа поради психолошките игри со Деп или само го исмејува?" - прашуваат авторите на текстот. 

На социјалните мрежи беа објавени коментари во кои се доведува во прашање менталното здравје на Амбер Херд.

„Никогаш не сум видел жена или некој да носи иста облека како нејзиниот наводен насилник. Амбер Херд очигледно е психопат. Зошто би ја носела истата вратоврска што ја носел Џони на првиот ден од судењето?“  - се прашуваат на Твитер.

Порталот „Марк“ е убеден дека Амбер Херд ќе загуби на судењето и дека на поранешниот сопруг ќе мора да му плати 50 милиони долари. Тие понатаму наведуваат дека Деп направил многу грешки за време на врската со Амбер Херд, но се чини дека тој не е виновен за она за што таа го обвинува „додека таа се покажува како „насилна личност која експлоатира интровертен маж“.

извор:b92.net