Ноне Неделковска: „Многу сум среќна што после долги години на брод, овој Велигден ќе си дојдам дома“

Добивај вести на Viber

Велигден – денот на Христовото Воскресение е најголемиот христијански празник во годината. Христијаните со многу љубов и радост го чекаат овој ден,  вапсаат јајца и се поздравуваат со „Христос Воскресна, навистина Воскресна“. Велигден е посебен и затоа што се прославува во кругот на семејството, а бидејќи со овој ден се означува и крај на повеќенеделниот Велигденски пост, најчесто се подготвува мрсна и богата трпеза. Сепак многумина немаат среќа да се дома со семејството, најчесто затоа што патуваат и работат надвор од својата земја. Една од нив е и пејачката Ноне Неделковска, која години наназад наместо дома, Велигден го дочекува на бродот на кој работи. За среќа оваа година ќе биде поинаку, Ноне ќе може да си ги гушне најблиските. А нешто повеќе околу традицијата, адетите и за тоа како го слави Велигнедн на брод години наназад, зборуваме во продолжение:

- Многу сум среќна што сум дома за Велигден. Со години наназад за овој наш празник сум била на брод без фарбање на јајца без фамилија. Англичаните овој празник го слават со дарување на чоколадни јајца, тотално друга традиција од нашата.

Ж.М. Дали ја следиш традицијата, имаш ли услови доколку не си дома да го направиш адетот за вапсање на јајца на брод?

- Велигден ми е еден од најважниот христијански празник. Далеку од дома, посебно на брод и немам баш некои услови да следам традиција, а и затоа што работиме на англиска компанија наметнато ни е да ја следиме и почитуваме нивната традиција. Една година ни се погоди да имаме повеќе балканци во кујна па имаше договор да си вапсаме јајца и да се собереме сите за ручек.

Ж.М. Дали се сеќаваш кога прв пат вапсаше јајце со оглед на тоа дека Велигден е еден од твоите омилени празници?

- Искрено не се сеќавам, а и секогаш сум спиела додека мајка ми станувала рано на велики четврток да ги вапса првите јајца. Но затоа се сеќавам кога доаѓаше да не допре по образите со јајцето, мене и брат ми и ни велеше - здраво, црвено.

Ж.М. Имаш ли некоја семејна традиција која ја практикуваш на овој ден, без оглед на тоа дали си дома или на крстарење?

- Да ви кажам сите си имаат некоја традиција за Велигден како го слават. Не придаваат многу големо значење, како обичен ден. Ние Македонците сме најмногу фамилијарно поврзани, и голем почит имаме кон овој празник. Барем таков впечаток имам стекнато низ годините работејќи на брод. Најмногу ако се погодам на брод каде е дозволено и деца, кријат чоколадни јајца на разни места околу бродот и децата цел ден имаа забава да ги пронајдат.


Елеонора А.