Популарната фолк пејачка повторно во центарот на скандалот: Се шпекулираше дека нејзиниот партнер наводно ја изневерувал со 27 години помлада жена

Српската популарна фолк пејачка Снежана Ѓуришиќ се најде во центарот на скандал кога некои медиуми во Србија пишуваа за наводното изневерување на нејзиниот долгогодишен партнер.

Снежана Ѓуришиќ веќе неколку години е во хармонична врска со гинекологот Вања Милошевиќ, а нивната врска јавно ја признаа во 2018 година.

- Ние сме стари луѓе, не можеме да бидеме дечко и девојка, тоа е смешно. Ако требаше да се венчаме, ќе го направевме тоа. Во неколку наврати го објаснив тоа. Нема причина да се венчаме. Имаме живот зад нас, имаме внуци, добро ни е во врската во која сме, а само Господ знае колку ќе трае. Ќе се молам да биде вечно - изјави еднаш Снежана.

Сепак, иако се изгледаше идилично и хармонично во нивната врска, јавноста почна да слуша гласини за наводната измама на познатиот доктор. Како што пишуваат српските медиуми, Вања наводно се допишувал со 28-годишна девојка преку социјалната мрежа Фејсбук.

Како што тогаш објави магазинот „Скандал“, девојката инволвирана во целата приказна како доказ ја приложила и нивната преписка кон овој магазин. Тврдела и дека Вања Милошевиќ (55) ја замолил да му праќа фотографии и да се слушнат преку Вибер.

- Сите твои фотографии се убави, а и презимето ти е убаво, прати ми фотка! Полесно ми е да се слушнам со тебе, еве го мојот број! Фејсбук го отворив само поради некои пријатели од војска, и го наполнив со девојки - наводно пишувало меѓу другото во пораките кои Вања ѝ ги праќал на наводната девојка, а тоа и го изјавила тогаш.

Кога споменатата девојка дознала од медиумите за неговата врска со Снежана Ѓуришиќ, тој наводно одговорил:

- Пушти ги весниците, пишуваат секакви работи, разведен сум - наводно истакнал во пораките.

Снежана никогаш не се огласи поради овие натписи, а на новинарско прашање како се таа и Вања, за ТВ Курир изјави:

„Јас и Вања сме добро, живи и здрави, се сакаме како првиот ден. Ништо не се случи, како на почетокот, така е и сега“, изјави пејачката.


Фото: Youtube - screenshoot - колаж

„Овде плачев многу“: Снежана Ѓуришиќ одеднаш одлучила да ја продаде вилата на Дедињe, а причината е болна