Повеќе од само фотографија: За прв пат во 58-годишната историја на овој магазин, се појави модел со видлива лузна од царски рез

Познатата манекенка ја покажа лузната по царски рез - секоја жена треба да биде горда на начинот на кој го донела бебето на свет!

За прв пат во 58-годишната историја на „Sports Illustrated Swimsuit“, познат американски магазин, се појави модел со видлива лузна од царски рез.

„За мене тоа е повеќе од само фотографија“

View this post on Instagram

A post shared by Sports Illustrated Swimsuit (@si_swimsuit)


На фотосесијата присуствуваше Кели Хјуз, модел и мајка која се породи со царски рез, а претходно соработуваше со брендот. Од првото издание на „Sports Illustrated Swimsuit“ во 1964 година, жена со лузна од царски рез за првпат се појавува на страниците на каталозите на кои има фотографии од модели, спортисти и познати личности кои позираат во костими за капење. „За мене тоа е повеќе од фотографија“, рече манекенката во интервју за „Гламур“.

View this post on Instagram

A post shared by Frida Mom (@fridamom)


„Во моментов, се случува неверојатна промена во нашето општество, стануваме се помалку ексклузивни, а зајакнати од нашите несовршености. За прв пат да ја покажам лузната од царски рез е повеќе од која било фотка што некогаш сум ја направила.

Нормализација на разговорот по породување и царски рез

Иницијативата на овој престижен магазин „Плати со промена“ има за цел да ја промени доминантната медиумска наративност за застапеноста на женското тело во канонот.

View this post on Instagram

A post shared by Sports Illustrated Swimsuit (@si_swimsuit)


За таа цел, за соработка беше поканета Челзи Хиршхорн - основачката на Фрида Мам, компанија чија мисија е да ги поддржува жените во мајчинството.
View this post on Instagram

A post shared by Frida Mom (@fridamom)


Sports Illustrated Swimsuit објави соопштение во кое објаснува дека целта на кампањата е „да ја покаже убавината на мајчинството и да ги натера жените кои се подложени на царски рез да се гордеат со тоа како го родиле бебето, како и да ги нормализира разговорите за нивниот изглед и тело по породувањето.

извор:najzena