Првиот персонализиран кармин создаден од Guerlain - Rouge G de Guerlain

Добивај вести на Viber

Guerlain е првиот бренд кој создаде кармин со двојно огледало и обвивка кои можете да ги персонализирате -  Rouge G de Guerlain.

Чувствувајте го луксузот на Вашите усни. Изберете ја омилената нијанса и обвивка за да креирате ВАШ кармин.

Палета со голем избор на нијанси, од нијанса во боја на кожа, до најекстремните бои, се со цел да се исполнат Вашите барања и желби за совршен кармин.

За овој исклучителен кармин, Guerlain одбра интензивни бои спакувани во обвивка која е одлично дополнување на аутфитот на секоја жена, тоа она парче асесорис без кое нема да можете.

Новата формула е збогатена со полимери на база на растенија и сребрени микрокристали со рефлективна моќ. Guerlain успеа да создаде исклучителна формула за убавина и нега на усните, покривајќи ги со интензивна и прозрачна долготрајна боја.

Јојоба и путер од манго се состојки кои помагаат усните да бидат добро хидрирани и меки, така што кога го носите карминот на себе чувствувате удобност. Содржи и хијалуронска киселина и гугуларна смола кои ги прават усните поволуменозни и мазни.