Работа од соништата: Се бара личност која ќе пие џин и ќе патува низ светот

Ако сте љубител на џин, имаме добри вести - има работа што бара само да патувате низ светот и да пиете џин.

Да, добро прочитавте. Производителот на џин „Bombay Sapphire“ и угостителската компанија „Inception Group“ бараат глобален амбасадор чија мисија ќе биде да патува низ светот 80 дена и да пие џин.

Работата е осмислена за да се промовира новиот бар во Лондон, инспириран од романот на Жил Верн „Пат околу светот за 80 дена“. Иако станува збор за промоција на лондонски паб, никаде не е потенцирано дека кандидатот мора да биде од Велика Британија.

Среќниот добитник ќе ги посети Мумбаи, Хонг Конг, Сан Франциско, Њујорк и Лисабон.

Патувањето ќе мора да го проследи со фотографии и текстови, кои ќе бидат објавени на социјалните мрежи. На патот, тој ќе мора да собере разни растенија и зачини што го воодушевуваат, така што кога ќе се врати во лондонскиот бар, може да направи свој коктел наречен „Околу светот“.

На конкурсот не се наведува директно платата, па се чини дека сите трошоци ќе бидат покриени за амбасадорот, но тој нема да добие редовна плата.


Извор: direktno.rs