Работев и по 19 часа на ден: Тина Таутовиќ се врати на екраните како водителка на „Црвена линија“ на Телма

Водителка со природната убавина , елоквентност и позитивен пристап кон гледачите. Тоа е Тина Таутовиќ. Среќна е што по ангажманите во поинакви професии, повторно се врати таму каде што припаѓа. За новиот предизвик вели : Животот не е по дефиниција нешто лесно .Борба е а ние сме должни во таа борба само да растеме и во ниту еден момент да не заборавиме да бидеме добри луѓе“

*Од првите изданија на „Црвена линија“, видливо е вашето задоволство што сте повторно пред камерите. Што беше пресудно да ја прифатите понудата на тв Телма?

-Драго ми е ако е видливо моето задоволство што повторно ја работам работата што цел живот ја работев. И уште подраго ми е што по ангажманите во поинакви професиии,се потврди дека кога го работиш тоа што го сакаш нозете едноставно не ти одат наназад. Телма е една од ретките македонски телевизии што како гледач ја следам,. Ако не и единствена.

Морам да признаам дека задоволство и чест ми е што сум дел од еден ваков пред се професионален тим и урбана програма. Се е онака како што треба да биде.


*Дали уште при првата средба со вашиот колега Теодор Стојанов почувствувате совпаѓање на енергиите, што е битно за функционирање на еден тандем пред камерите?

- Тео е супер момче кое пред се е посветено на предизвиците пред кои се наоѓа како дебитант во оваа професија.Исполнителен и вреден. Тоа е она  што би го издвоила како приоритет. Инаку на кого не би му годела работа со млади и иновативни личности.Не е случајно дел од „Црвена линија“.Тео е лицето на се она што претставуваат новите генерации.Приватно комуницирам со различни генерации. Искрено воопшто не ми е ниту непознато ниту тешко да бидам во корелација со личности кои се далеку помлади од мене. Од нив може, а и реално мора да се учи.Не е добро кога човек е ригиден и затворен за промени и кој верува дека неговото време и генерација се единственото најдобро време.

Телма во моментов прави револуција

* Како ги бирате темите? Планирате ли дополнување и збогатување на содржините?

- Темите во Црвена линија не засегаат сите.Така и ги бираме.Постојано следиме што му се случува на секој поединец или глобално.Будно се следи секоја ситуација па  дури и од еден обичен разговор се добива идеја. Во темитеќе се пронајдат некои повеќе, а некои помалку. Но, најважно е што сите сакаме да бидат инволвирани сите генерации , а особено оние кои се одалечија од тв приемниците и ги следат на интернет странските канали. Со години етапно се изгуби публиката,  бидејќи ништо не се нудеше.Телма во моментот прави револуција.Има богата програма , нови ликови, продукција .Како дел од сето ова едноставно сум среќна. Задоволство е да гледаш таков ентузијазам и енергија.Нешто што долги години им недостасуваше и на сите оние кои сме дел од телевизиската работа.


*Првите реакции на ваша адреса веќе се пристигнати. Научивте ли од искуството да ги препознавате само добронамерните критики ? 

- Драго ми е ако имаме убави реакциии  тоа е мотив. Научив во животот не само преку оваа работа, дека најдобри критики се реалните. Тој кој ве сака ви ја говори вистината за ваше добро.Човек кој сака да слуша само пофалби почнува да живее во илузии.Конструктивна критика ,реална е најдоброто што може да ви се случи. Но, никој не е покритичен од мене кога се гледам на екран. .Самокритична сум дури и премногу.

*Се случува ли поради работата свесно да ги жртвувате своите живци и слободното време? 

-Кога станува збор за оваа работа немам чувство дека нешто жртвувам.Такви беа околностите се најдов во комплетно поинакви професионални сфери.Работев еден период и по 19 часа дневно. Најблиските се чудеа како издржувам. Но, едно знам, промената е најубавото што може да ви се случи.Ништо во животот не е бадијала.Со промените , ставени пред животни предизвици ние растеме, учиме , не само вештини, туку учиме и за себе си. Се е каков став имамае кон работите што ни се случуваат.Денес дури и разбирам зошто било сето тоа и добро што така се случувало.Животот не е по дефиниција нешто лесно .Борба е а ние сме должни во таа борба само да растеме и во ниту еден момент да не заборавиме да бидеме добри луѓе.

Луѓето се препознаваат по насмевката и смеата.

*Работевте на проекти поврзани со децата. Какво девојче бевте вие ? Послушна, им создававте главоболки на родителите или мазена и чувана од сите страни?

-Половина од кариерата на телевизија ми помина со деца. Најубава но и најтешка работа. Обидете се на дете да му наложите да му биде интересно и да ве следи повеќе од половина час.Многу возрасни ја подцениле таквата работа, но децата се најискреното нешто.Со нив едноставно знаете на што сте.Или ќе ве прифатат или не.Децата се личности. Се забележуваат , се следат и имаат своја природа, свои желби. Верувајте добив најдобар совет од едно дете Не сум од тие што размислуваат „оставете деца се тие, ништо не знаат“. Мислам дека возрасните понекогаш ништо не знат за себе, па влетуваат од грешка во грешка.

Имав родители кои не беа ниту налик на она што беа другите во 80-те. Не постоеја табу теми,ниту нешто се криеше. Бев разбрано дете ,ми дозволуваа да ја развивам креативноста , не ми наметнуваа работи за да ги импресионираат другите. Беа авторитативни и се почитуваше секој член во семејството, но не поради страв  туку од љубов.Играв многу и сама сосебе ама и надвор со куп деца.Маалото е најубавото што може да ти се случи во детстсвото. Порано многу им забележував што бараа да сум самостојна. Денес сум благодарна Не сум поборник на правење божества од децата. Гледам работи кои не ми се допаѓаат . Едноставно генерации кои се премногу саможиви, а поприлично несамостојни и емотивно незрели.


* Какви сте кога ќе се вљубите?

- Му се радувам, на тоа во што ќе се вљубам и тоа како мало дете.Само јас знам какви ерупциии и пеперутки се разлетуваат по целата моја суштина. Создавам илузиии. Му благодарам на Бога пораснав, па сега веќе сум по разумна и нема место на таков ендорфински импакт .Искрено верувам во тоа дека секој од нас треба да биде љубов а не да очекува и да бара некој друг да ја носи тежината на тоа да бидеме среќни.Тоа е наша одговорност . Љубовта е се само не заљубеност.Љубовта е слобода да се чувствуваш свој во присуство на друг.Без очекувања некој да не спаси да не дефинира , да не одредува.Љубовта е најубавото нешто што може да му се случи на еден човек.По човекот таа и се познава .Се лошо од него изчезнува, станува поубав, подобар човек.


* На кој начин го одржувате младешкиот изглед?

- Кога човек ќе престане да се ограничува себеси и кога ќе го негува детето во себе .

. Кога ќе престане да вели ова не доликува, ова доликува,  и ќе почне да им се радува на малите нешта, тогаш детето што живее во него ќе извира низ неговата душа Ниту еден супериорно суетен човек не сум видела младолик.

Но, тоа не значи да правиме инфантилни нешта Зрелоста не значи сериозно лице. Туку одговорност, емпатија. И кога сето ова ќе го зачините со животна радост тогаш и да сте најстариот на оваа планета вашата душа ќе биде младост и радост за секого.


*А која е тајната за вашата вечна насмевка?

Мое мото е дека никој не е должен да страда. Ако не ни е добро во дадено време, период  и кога ќе дозволите да ве израдуваат ,да ви помогнат , да ве расположат тогаш се во еден момент се се менува на подобро. Луѓето се препознаваат по насмевката и смеата. Почнав конечно да забележувам  .Достоевски имал право .


Соња Алексоска Неделковска