Рецепт на д-р Ненадиќ: Чорба од зелка за брзо слабеење

Добивај вести на Viber

Диетата со зелка е една од оние диети кои се брзи и многу ефикасни.

Со диета со зелка можете многу брзо да ослабете, истата се препорачува како увертира на навистина сериозен потфат за промена на навиките во исхраната и стабилизирање на телесната тежина.

Кога ќе се ослободите од вишокот килограми со диета со зелка, тогаш можете да почнете да вежбате и да воведете некој друг начин на исхрана.

Како да се подготви чорба од зелка за брзо губење на тежината:

Неопходно е:
6 големи стебленца зелен млад кромид (во зима може да биде глава на стар кромид или праз)
2 пиперки (бабури)
една голема главица свежа зелка
малку сол и бибер по желба
додадете зачини по желба.

Зелката исечкајте ја на парчиња и ставете ја во соодветно тенџере, па прелијте ја со вода. Додадете ги другите состојки, па варете на силен оган 10 минути. Потоа намалете ја температурата и оставете да крчка додека не омекне зелката.

Напомена: Оваа супа мора да ја јадете секој ден и секогаш кога сте гладни. Јадете колку што сакате и колку што можете во секое време од денот. Оваа супа нема калории и колку повеќе ја јадете, толку побрзо ќе ослабете. Но, ако ја јадете долго време само неа, ќе дојде до неухранетост.

Како да ја јадете:

Ден 1: Јадете ги сите овошја освен бананите, но изберајте ги тие со помалку шеќер. Од останатите намирници, јадете ја само оваа чорба од зелка и пијте вода или незасладени чаеви.

Ден 2: Овој ден јадете секаков вид зеленчук. Јадете сè како што сакате додека не се заситите. Изберете зелен зеленчук, а избегнувајте зелка и пченка. На овој ден, наградете се со еден голем печен компир со путер за ручек. Не јадете овошје на овој ден.

Ден 3: Јадете овошје и зеленчук, но и чорба од зелка колку што можете повеќе. Не јадете компири или банани.

Ден 4: На овој ден, освен чорбата од зелка, јадете банани и пијте обезмастено млеко. Во текот на денот можете да изедете 6 банани и да пиете млеко колку сакате, со задолжителната чорба од зелка.

Ден 5: Говедско месо и домат. Можете да јадете помеѓу 350 и 600 грама варено говедско месо, шест свежи домати во текот на денот... Добро би било да пиете до 6 чаши вода во текот на денот, што ќе изврши детоксикација. Јадете чорба од зелка, најмалку две порции.

Ако ги следите овие правила, ќе изгубите помеѓу 2,5 и 3,5 килограми, а можеби и повеќе за една недела.

По петтиот ден се враќате на менито од првиот ден, додека не ја достигнете саканата тежина.

Последици од диетата со зелка: 

Менито е монотоно и брзо станува досадно и предизвикува ситост. Па не се препорачува долгорочно да се следи овој вид на исхрана, кога ќе ја достигнете посакуваната тежина, почнете со здрава исхрана и оддржувајте ја истата на тој начин. Во чорбата нема многу калории па затоа се препорачуваат по повеќе чинии на ден.

извор: stil.kurir.rs