Родителите ѝ погинаа, а таа го потроши наследството на пороци и естетски зафати: После потроши милон долари на 20 пластични операции и изгледа вака

Клара Лима е чешка манекенка, која се најде во центарот на вниманието на јавноста поради огромната трансформација што ја должи на пластичните операции, иако тврди дека естетските процедури го спасиле нејзиниот живот.

Имено, оваа атрактивна дама денес е секс бомба со еден куп тетоважи, исончан тен, долга црна коса и силиконски усни, но пред само неколку години беше просечна русокоса која ја загуби битката со огромните проблеми ... Таа пиеше прекумерно, постојано пушеше, страдаше од булимија и на крајот се сврте кон наркотични средства.

Покрај сите горенаведени маки, Клара доживеа и семејна трагедија кога ги загуби своите родители во авионска несреќа во Украина ... Таа наследи големо богатство, но брзо го загуби.


Денес, таа признава дека земала кокаин за да не чувствува глад, и дека не може да се ослободи од таа зависност ... Но, работите се сменија кога започна да се лекува, но една зависност се претвори во друга - започна со бескрајни хируршки интервенции 

Оваа убавица имаше повеќе од 20 пластични операции, кои ја чинеа повеќе од милион долари, па сега изгледа сосема поинаку. Таа наводно тврди дека конечно е задоволна од себе и дека нема повторно да го посети хирургот, и одлучила да направи уште еден драстичен пресврт во животот - се збогува со својата манекенска кариера и станува рап пејачка!

Фото: Barcroft tv / youtube

Инстаграм

Извор: Жена- Блиц