Родителите не се интересираа за мене, баба ми ме одгледа, а сега не ме познава: Емотивна исповед на Милица Павловиќ

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Милица Павловиќ детството го поминала со баба ѝ дедо ѝ, и не крие дека тие ѝ биле најголемата радост и потпора во животот.

Сега Милица минува низ многу тежок период во животот бидејќи баба ѝ е многу болна.

Ѝ дијагностицирале Алцхајмерова болест, поради што Милица ја донела во Белград и ја сместила во геронтолошки центар.
-Тоа е најболната тема во мојот живот во моментов. Болеста ја зафати. Ме боли срцето и душата затоа што баба ми не ме препознава. Таа е моето злато, мојата душа, моето сè на светот и многу е страшно кога секогаш кога ќе ја видам морам повторно да ја потсетувам која сум - изјави пејачката за Стори.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


- При секоја наша средба се трудам да допрам до неа, да се сети дека јас сум нејзината Милица, но секоја нова средба носи исти моменти. Но, кога за момент ќе ме препознае, кога ќе се сети, тоа е непроценливо и не можам да го опишам тоа чувство, како ме бакнува, ме гушка... Секој збор што ми го кажува е за мене голем колку цел универзум - додава Милица.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


 Иако има сериозни проблеми, Милица не се откажува од кариерата. Таа неодамна објави нов албум и ги крена сите фанови на нозе.

- За мене баба ми е пример за неверојатно силна, искрена и најпрекрасна жена на светот. Таа ме научи да поминувам низ животот со крената глава, дека е важно да бидам искрена и лојална, бидејќи само така ќе можам да бидам среќна со себе кога ќе падне ноќта и ќе си легнам - искрена беше Павловиќ. 

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Нејзините баба и дедо живееле тешко, а кога дедо ѝ починал, баба ѝ не можела да го преболи. Кога Милица сфатила дека повеќе не може сама, решила да ја донесе во Белград и да ѝ ја пружи најдобрата медицинска нега. И покрај се состојбата и се влошила, поради што Милица е многу несреќна.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Сепак, нејзината баба ја научила да биде борец и тоа и дава сила да оди напред уште посилно и подобро. Милица не крие дека не е во контакт со нејзините родители.

- Откако се разведоа, мајка ми првично доаќаше да ме види, а подоцна не беше многу заинтересирана за мене. Сега пак, мене не ми требаат нови луѓе во мојот живот. Ја добив мајчинската љубов од баба ми и дедо ми“, изјави во една прилика Милица.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


извор:GLOSSY

Милица Павловиќ не е веќе бринета, сега е фатална русокоса: Го промени и стилот, а ова се 7 нејзини модни комбинации кои ќе ги обожавате