Рушка Јакиќ без грам шминка, во целосно природно издание: Луѓето не веруваат како изгледа

Отсекогаш заштитен знак на познатата водителка Рушка Јакиќ бил дебело исцртан црн ајлајнер и темен кармин, а речиси никогаш не сме ја виделе без да биде целосно средена. Сега на социјалните мрежи таа сподели фотографија без шминка, а луѓето не можат да поверуваат како изгледа.

Водителката често истакнува дека секој ден има време за себе и дека не може да си дозволи да не се организира. Таа секогаш доминира со ефективна шминка, а ова е првпат јавноста да види како изгледа во природно издание, без тронка шминка.

Сега сите ја споделуваат нејзината фотографија од козметички салон каде била на третман на лице.


Инаку, Рушка се подложи на третман за подмладување на лицето со млеко. Бидејќи овој третман го користел и починатиот пејач Мајкл Џексон, тој е идеален за обновување на клетките. Затоа многумина коментираат дека сега е сосема јасно како водителката во деветата деценија има толку негувано и нежно лице.

Многумина пишуваат дека Рушка изгледа многу поубаво кога не е нашминкана.

-Ослободи се од таа шминка, вака изгледаш топ. Стави само добар полесен кармин и маскара, еј риба -  гласи еден од коментарите. 

Останатите се согласиле водителката никогаш повеќе да не се шминка и дека ова е нејзиното најдобро издание. 

Рушка никогаш не кажала јавно кога се родила, бидејќи уште мисли дека има четириесет години.

- Порано низ овој град шетаа жени за кои мажите навистина губеа глава. Денес веќе не се знае од силикони, велам денес сите имаат вишок силикон и недостаток на интелигенција, а тоа е нивниот билет. Никогаш не би сакала да го изгубам мојот идентитет. Не ми се верува дека некој до тој степен може да си го смени личниот опис – изјави неодамна Рушка за домашните медиуми зборувајќи за својот изглед.


Фото: Инстаграм/Рушка Јакиќ

Му се допаѓав на Тито, но не сакав да го заведам: Рушка Јакиќ откри сè за себе и за нејзината кариера!