Русокоса убавица која многумина никогаш нема да ја препознаат: Како изгледа денес Венсдеј од „Семејството Адамс“

Денес е горда мајка на момче, која не ја занемари ни кариерата.

Популарната актерка Кристина Ричи наполни 41 година!
Таа се прослави со улогата на Среда (Венсдеј) Адамс во „Семејството Адамс“, а по улогата по која стана препознатлива, следуваа бројни други улоги.

Кристина започна да се забавува со комичарот и актер Овен Бенјамин во 2008 година, откако се запознаа на филмски сет. Тие се свршија во март 2009 година, но раскинаа два месеци подоцна.

Потоа, во 2013 година, Ричи се сврши со Џејмс Хирдеген, кога се запозна на снимањето на серијата „Пан Ам“ 2012. Тие стапија во брак и го имаат синот Фреди.

Вака изгледа Кристина денес:
фотографии:PROFIMEDIA