Се породи во истата болница како и Меган Маркл: Актерката од „Сенки над Балканот“ роди бебе на 42 -годишна возраст, а нејзиното име е ПРЕКРАСНО

По долга борба за потомство, Леона Парамински стана мајка!

Хрватската актерка Леона Парамински се породи на 42-годишна возраст, и роди долгоочекувано девојче. Нејзиниот сопруг Тин Комљеновиќ и таа се одлучија за ин витро оплодување, а на 4 септември нивната голема желба се оствари.

Леона и Тин го нарекоа бебето Лив, а актерката се породи во болницата Санта Барбара, која важи за една од најлуксузните болници во Калифорнија. Меган Маркл го роди своето второ дете таму, ќерката Лилибет Дијана, и беше наведено дека породувањето по природен пат чини 11 илјади евра, додека царски рез е двојно поскап: 23 илјади евра.

- Бебето пристигна во саботата, излеговме од болница - изјави Леона ексклузивно за хрватското издание на списанието „Глорија“.

View this post on Instagram

A post shared by Leona Paraminski (@leonaparaminski)


„Добре дојде дома, Лив“, му посака Леона на бебето со фотографија од нејзините стапала.

Публиката ја знае Леона од бројни телевизиски серии, а еден од последните проекти во кои имавме можност да ја видиме е серијата „Сенки над Балканот“.

Извор: espreso.rs

Фото: Инстаграм