Се шушка дека се во брак: Кејти Холмс се „топи“ од љубов
Поранешната
сопруга на Том Круз, амеркинската глумица Кејти Холмс, беше
фотографирана од папараците како седи на сред улица и се смее, а по начинот на којшто се смее
може да се види дека таа се „топи“ од љубов до готвачот, до нејзиното момче.
Кети и нејзиното ново момче Емилио Витоло, кое е 8 години помлад од неа беа фотографирани додека одеа во музеј во Њујорк, а по тој повод, и покрај маските на лицата, може да се види колку се среќни.
Имено, неразделната двојка ужива во романтична врска веќе неколку месеци и тие се однесуваат како сосема обичен пар - се возат со метро и јавен превоз, јадат улична храна и шетаат без телохранител. Тие навистина живеат „нормален“ отколку холивудски начин на живот и уживаат во слободата на движење.
Отишле во музејот, а потоа отишле на романтична прошетка во паркот Вашингтон Сквер, каде биле фотографирани од папараците.
41-годишната актерка и 33-годишниот готвач цело време се држеа за раце, а нивните насмевки не можеше да ги сокрие ниту заштитната маска.
И двајцата носеа црни заштитни маски на лицата среде нов бран пандемии на коронавируси и се обидоа да одржат физичко растојание од другите луѓе.
Инаку, Кејти е „тешка“ 25 милиони долари, додека Емилио има „само“ 1,5 милиони долари на својата банкарска сметка но, се чини дека нивните финансии не се толку важни, тие се лудо заљубени еден во друг.
Некои медиуми пишуваат дека парот и тајно се венчал.
Фото: Profimedia/BrosNYC / BACKGRID / Backgrid USA