Животна училница // Приказни
Сефер Цаноски стана татко по петти пат: Преубавата Сезен му роди ќерка

Познатиот бизнисмен и сопственик на „ФОН Универзитет“, Сефер Цаноски на Фејсбук сподели радосната вест со своите пријатели и роднини. Цаноски стана татко по петти пат - неговата преубава сопруга, Сезен му роди девојче.
Гордиот татко го откри и името на девојчето, таа ќе се вика Адила Дефне Цаноска.
-Добредојде Адила Дефне Цаноска.
Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к’смет на цел свет - напиша Сефер заедно со фотка од болницата.
Од бракот со Сезен, Цановски е горд татко на три деца, а од неговиот претходен брак со Лејла, ќерката на Велија Рамковски, Сефер има две деца.
Инаку Сефер правеше свадба во Истанбул со Сезен која е германка со турско потекло.
фото:facebook/instagram