Секоја жена порано или подоцна станува роб на модата: Драган Гоцев-Даци за најновите трендови за коса
„Дефинитивно 2020 ќе биде година во која ќе се врати модата на природните бои, особено на чоколадните нијанси со топла пигментација, па се до темно кафеавите нијани кои потсетуваат на црно“, вели за Женски магазин стилистот за коса, Драган Гоцев-Даци.
Според него и оваа сезона апсолутен хит ќе биде Боб фризурата во рана линија, но исто така тренди ќе бидат и благите таласи.
На прашањето кои фризури ќе бидат тренд за тинејџери, Даци потенцира дека актуелните фризури за сезонава кај тинејџерите би требало да бидат соодветни со годините, идеално би било тоа да се прибрано опавче со чисти линии или опуштен кок.
Додека, кај дамите во средно доба според него, би било иделано да носат фризура која е во средна должина, извиткана или фенирана со што би дале свежина на самото лице и би се покриле недостатоците кои доаѓаат со самата возраст.
Годинава, особено сезонава аксесоарите за коса ќе бидат неизбежен моден детал, особено масивните додатоци за коса кои потсетуваат на антички времиња, па се до романтични цветови кои би биле испреплетени низ самата коса.
За Женкси магазин, Даци вели дека речиси секоја жена порано или подоцна станува роб на модата, кое според него е апсолутно погрешно, заслепени од актуелен тренд сите во однос на косата личат една на друга, без оглед на тоа дали тој тип на тренд фризура одговара на тенот и бојата на очи, формата на лице итн. „ Моја препорака е секоја жена да се консултира со својот стилист за коса, заедно да одлучат што е најдобро за неа како индивидуа без разлика на актуелниот тренд“, истакнува стилистот.
За крај, Даци
вели дека косата треба да се негува преку целата година, независно периодот,
како што организмот ни бара вода така и самата коса бара нега.
Н.М.
Знае што сака и не е пребирлива: Стилистот на Зорица Заева искрено за Фактор