„Семејството е сѐ“: Најубавите цитати за денешниот ден
Семејството е една од најважните работи во нашиот живот. Семејтвото е секогаш со нас, нѐ бодри, нѐ поддржува и ни пружа безусловна љубов и грижа. Иако понекогаш семејните односи не се бајки, туку комплицирани и тешки, не смееме да заборавиме на нивната вредност.
Ова се 20 најубави цитати за семејството кои сигурно ќе ви се допаднат!
„Да се биде семејство значи дека сте дел од нешто многу прекрасно. Тоа значи дека ќе сакаш и ќе бидеш сакан до крајот на животот“.
„Семејството не е најважна работа. Семејството е сѐ“.
„Семејствата се компасот што нѐ води. Тие се инспирација за достигнување големи височини и нашата удобност кога повремено се колебаме“.
„Семејството значи дека никој нема да биде оставен и заборавен“.
„Секој има потреба од куќа во која ќе живее, но семејството што го поддржува е она што го гради домот“.
„Најважното нешто што таткото може да го направи за своите деца е да ја сака нивната мајка“.
„Вие не го избирате вашето семејство. Тие се дар од Бога за вас, а вие за нив“.
„Нема ништо што носи поголемо задоволство од среќно и насмеано дете“.
„Најважните работи во животот на децата се безбедноста, љубовта, прифаќањето и охрабрувањето.
„Имам прекрасно засолниште, тоа е моето семејство. Имам прекрасен однос со брат ми и сестра ми; ова ме прави да се чувствувам како секогаш да знам каде припаѓам“.
„Семејството и пријателите се скриени богатства, барајте ги и уживајте во нивното богатство.
„Нема сомнеж дека околу семејството и домот се создаваат, зајакнуваат и одржуваат сите најголеми доблести, најдоминантните човечки доблести.
„Не е важно колку е голема нашата куќа; важно е во неа да има љубов“.
„Семејствата се како гранки на дрво. Растеме во различни насоки, но нашите корени остануваат една“.
„Мислете на вашето семејство денес и секој ден потоа, не дозволувајте денешниот зафатен свет да ве спречи да покажете колку го сакате и го цените вашето семејство“.
„Радувајте се со семејството во прекрасната земја на животот“.
„Љубовта кон семејството е најголемиот благослов во животот“.
„Семејството е центарот на животот и клучот за вечната среќа“.
„Секој треба да живее дома. Но, да се има љубов и поддршка од семејството? Тоа е она што ја прави вашата куќа дом“.
„Се издржувам со љубовта на моето семејство“.
Ценете го и сакајте го вашето семејство, бидејќи тие секогаш ќе бидат со вас и во добри и во тешки моменти. Се надеваме дека уживавте во нашата листа на семејни цитати.