Ги истеруваат болестите, подигаат самодоверба, шират позитивна енергија: Моќта на кристалите

Фото насловна: Profimedia

Ако не сте запознати со улогата на кристалите во одржувањето на здравјето, прво знајте дека тие делуваат на нашето електромагнетно поле и ја чистат негативната енергија. Затоа, тие ја поддржуваат работата на чакрите и можеби е вистинско време да ги запознаете подетално.

На секој од нас му одговара по еден кристал, иако не штети дури и ако не е наменет за наши потреби во дадена фаза од животот. За да ви помогнеме да изберете, ги распоредивме по боја подолу. Можеби некои од нив ве привлекуваат на прв поглед, но сепак прочитајте го описот, за да не лутате во потрага. Започнуваме со розов кварц, што е добар за оние кои сакаат да работат на своите емоции, пред се‘ преку прошка, љубезност и љубов кон себе. Повеќе детали ве очекуваат во следните редови:



1. Розов кварц

Сочувството и љубезноста се само некои од доблестите што се зајакнуваат со употреба на розов кварц. Има смирувачко дејство, а доколку се користи за време на медитација, ги поттикнува веќе споменатата прошка и самосвест.

2. Килибар

Кристалите во жолта или портокалова боја носат оптимизам и виталност. Килибарот, жолтиот оникс, цитринот и кварцот исто така се поврзани со добра самодоверба.

3. Селенит

Селенитот и другите бели кристали имаат улога на прочистување, па затоа често се користат за време на медитацијата.

4. Жад

Како што знаете, тоа е зелен кристал, кој е прва асоцијација со природата, но исто така и благосостојба и среќа. Придонесува за нашиот раст на духовно и еволутивно ниво, како и на полето на кариера.



5. Аквамарин

Сините кристали вклучуваат лазус и агат и тие можат да ни помогнат да се поврземе со нашите мисли.

6. Аметист

Овој пурпурен кристал придонесува за зајакнување на интуицијата, која привлекува доза на мистицизам.

7. Црн турмалин

Црните кристали, како што е турмалинот, имаат функција да штитат од негативни емоции, како што е стравот и даваат чувство на сигурност.


Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира: