СЛАВЕЊЕТО МОЖЕ ДА ПОЧЕКА, ЗДРАВЈЕТО-НЕ! Филипче порача да не се напуштаат домовите по 18 часот

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најавувајќи го стапувањето на сила на рестриктивните мерки од петок, до 20. јануари упати апел до граѓаните дека целта на оваа кампања „Празнувај одговорно“ е токму подигнување на свеста за да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот и да не дојде до зголемување на бројот на новозаразени во јануари кога ќе поминат празниците. Министерот порача дека славењето може да почека, но здравјето не и дека не смееме да дозволиме празнувањето да ни се претвори во лош спомен.

Осврнувајќи се на актуелната епиедмиолошка состојба во земјава, тој истакна дека таа е стабилна, но се уште има голем број на заболени и на хоспитализирани пациенти.


Повеќе информации за темата, прочитајте на Фактор.мк