Со домашни маски се подготвувам за концерт: Вера од „Љубојна“ за козметичките ритуали

Добивај вести на Viber

Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“ има интересни ритуали за убавина. „ Денот ми почнува брзо и енергично и така со ист интензитет сè до вечер, и покрај моите амбиции, воглавно мојот дневен козметички ритуал е минималистички. Чисто лице е приоритет, сабајле и навечер, маска еднаш неделно, многу вода, супи и чаеви и минимална употреба на шминка“, вели пејачката која со нејзините соработници во моментов се подготвува за концертот  во Македонската филхармонија кој ќе се одржи во петок, на 1 февруари од 20 часот. 

На концертот, на кој ќе диригира маестро Џијан Емин ќе слушнеме нови аранжмани на песните од  „Љубојна“. Вера на својот Фејсбук профил често објавува видеа од пробите со Филхармонија и вели дека многу му се радува на овој концерт.

„Обожавам да експериментирам со косата и често менувам боја и форми. Во меѓувреме знам одвреме-навреме да подготвам некоја домашна маска, но најмногу користам благи шампони, често и бебешки, во комбинација со аргановото масло“, откри пејачката за козметичките ритуали.