Со помош на оваа исхрана ослабела 10 килограми: Менито на „практичната жена“, водителката Наташа Павловиќ
фото:instagram
Популарната водителка Наташа Павловиќ со посебен режим на исхрана ја доведе својата фигура до совршенство, а ова се нејзините совети.
Водителката на емисијата „Практична жена“, Наташа Павловиќ ја сподели својата рутина кога се во прашање исхраната и слабеењето. Имено, нејзината граница за да почне со диета е кога тежината покажува 60 килограми.
Всушност, Наташа истакнува каков ѝ е карактерот кога ќе реши да ослабе, а најтешко ѝ е како и на повеќето да се откаже од слатките.
Наташа најголем проблем со килограмите имала кога дошла од Хрватска во Србија кога имала 16 години. Тогаш имала речиси 70 килограми, подоцна со одредена диета ја средила тежината.
- Најдобро е постепено слабеење, тоа трае подолго, но нема јо-јо ефект. Одамна го открив најлесниот начин за слабеење, а тоа е да не мешате јаглехидрати и протеини. Кога сакам брзо да ослабам, не вечерам. Секако, најдобро е диетата да ја комбинирате со малку рекреација. Пред да имам две деца и да почнам да работам како „Практична жена“, редовно тренирав. Сепак, во последните неколку години имам премногу обврски и не стигнувам на тренинзи. Вежбањето најмногу ми се сведува на трчање по децата кога сме надвор – изјави водителката за „Информер“.
Мени:
Појадок: Интегрален колач со јогурт
Ручек: Месо на скара со варен зеленчук и свежа салата
Вечера: Туна со пиперка
Совет:
Бидете умерени во исхраната. секогаш кога јадете во нормални количини тоа сигурно нема да ве доведе до дебелеење.
извор;najzena