Сопругот ја запросил на стиховите на Аки Рахимовски: Водителката со болка сподели спомени кои не се забораваат (ФОТО)
Наташа Павловиќ не криеше дека омилен пејач на сите времиња ѝ е фронтменот на бендот „Парни ваљак“, а по веста за неговата смрт, водителката не криеше дека е скршена...
Водителката на емисијата „Практична жена“ е многу потресена по веста дека познатиот музичар Аки Рахимовски почина.
Преку својот Инстаграм профил со следбениците ги сподели спомените кои ги доживеала со пејачот, а приказната која ги следи незаборавните фотографии разнежнија многумина.
„Загреб, Кнежија, облакодер во Брача Цвијица, скоро секој ден одев кај мојата Едита, пријателка од одделението. Влегувам во лифтот, а во него Аки. Со глава и брада, Аки. Од страв едвај можев да кажам „Здраво“. Подоцна ми беше жал што немав храброст да му кажам дека ми е омилен пејач, дека постојано го слушаме и дека за нас подобар не постои. Но еј, таа моја гордост кога зброував во училиште со кој се возев“ - напиша Наташа и продолжи:
„Белград, Тополска, многу години подоцна. Се верив таа вечер. На забавата сите драги пријатели, стигнаа како изненадување од мојот иден, да прославиме. Посреќна не можев да бидам. А, потоа го слушам добро познатиот, со посебна боја глас: „Добро вечер, ви честитам на веридбата“. Аки. Со глава и брада, Аки. Енергијата од таа вечер не умеам да ви ја пренесам. Мали се зборовите. Но еј, таа моја гордост кога имав чест таа вечер да ги пееме љубовните песни... со единствениот, неповторлив Аки. Скоро како тогаш кога го сретнав во лифтот“ - заврши водителката.
Павловиќ никогаш нема да ја заборави вечерта кога со стиховите на неповторливиот музичар му се заколнала на вечна љубов на својот избраник. Емоцијата на Аки и целиот состав на „Парни ваљак“ засекогаш ќе биде во срцата на вистинските љубители на поп музиката.
фото: Инстаграм