Соња ве води во Дубаи: Едно ноќевање во единствениот хотел со 7 звезди во светот чини и по 24.000 долари

Како дипломиран географ патувањата и се најомилени. Речиси секогаш ги бележи правејќи албуми на нејзиниот фб профил. Вели дека сеќавањата бледеат, но пишаниот збор останува. Соња Симоноска, дипломиран географ, подолго време има идеа своите патувања да ги пренесе и да почне со сопствен блог. Прошетала многу земји, видела многу градови. Најмногу го обожава Дубаи, поточно вљубена е во овој град.

За нашиот портал, го пренесе своето искуство и импресиите.

Со самото пристигнување и првиот чекор надвор од аеродромот, топлиот воздух, палмите, светлата на градот, волшебната месечина која овде има посебен сјај и дава чувство дека во секој момент може да ја дофатите ме прави среќна, се чувствувам  слободно, среќно, полетно.

Сместен во средишниот дел на Арапската Пустина, Дубаи е град, но воедно е и еден од седумте емирати во Обединетите Арапски Емирати. На чело на Дубаи е шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој има најголемата заслуга за просперитетот на овој град и затоа денес важи за најмодерен и најмонденски емират. Тоа е воедно единствениот емират во кој можете да го почувствувате европскиот дух и начин на живот, што не е случај во преостанатите емирати.

Дубаи денес една од најпосакуваната туристичка дестинација но и место за професионален развој и живот. Дубаи има богата историја, традиција и своја култура. Во палатата на шеиците на семејството Ал Мактум во стариот дел на градот е сместен музеј кој покажува како Дубаи почнува да расте и да се развива, од мало рибарско село во кое населението било сиромашно и се занимава со риболов и експлоатација на дијаманти од морското дно.  Тоа е стариот дел на Дубаи во кој се наоѓаат повеќе банки и осигурителни компании. Овде се чувствува арапската традиција. Во овој дел на градот поморскиот сообраќај сеуште се одвива со помош на мали традиционални дрвени чамци, познати под името Абра. Пловејќи со нив го гледате вистинското лице на Дубаи , ориенталниот дух, и ја чувствувате јасната топла арапска ноќ. Ова е место кое задолжително треба да се посети бидејќи Дубаи не е само високи облакодери, монденски сјај . Сепак се наоѓате длабоко во арапскиот свет.

Во стариот дел на градот и ден денес има огромни дрвени бродови кое потсетуваат на пиратски и се натоварени со разни производи, пренесуваат разновидна стока  низ цел свет. Тука се наоѓаат илјадници мали продавници за електроника, текстил, зачини и сл. Трговијата ја обавуваат Индијци, Пакистанци, Иранци, Турци.

Дубаи исто така го нарекуваат Златен град. Имено, затоа што во Даира или стариот Дубаи се наоѓа Златниот Сокак (Golden Souk) На ова место може да се купува злато, бисери, рубини и дијаманти, а може да се види и најголемиот златен прстен во светот тежок 63 kg, украсен со рубини и други скапоцени камења. Тука нема што нема па оттаму, меѓу трговците останала изреката: „Ако нешто не можеш да најдеш во Даира, не ќе можеш да го најдеш на друго место“.

Градот расте во височина и должина . Многу футуристички, неверојатни и модерни архитектонски градби го красат овој бисер на Средниот Исток. Дубаи е синоним за највисоките, најскапите, најсовремени нај-нај-зданија.

Денес DXB аеродромот се наоѓа во ареалот на самиот град но, како што ми кажува сопругот околу 1980-те тоа бил мал аеродром со една писта во пустина , ,вели ,, се беше песок наокулу ,,, а денес гостите уживаат во еден од најмодерните аеродроми во кој се наоѓаат и модерни апартмани со 5 ѕвезди доколку ви е потребен неколку часовен одмор за наредниот лет. Моја препорака патувањето со Wizzair нека ви биде последна опција бидејќи аеродромот на кој слетува Wizzair е 40 км одалечен од градот, а такси превозот е доста скап.

Со сите свои убавини и посебности Дубаи е привлечна дестинација но имајќи во предвид дека тоа е град кој расте од пустина има пустинска клима па затоа и не е погоден за посета во текот на целата година. Најдобар период за посета е крајот на Октомври или Ноември до Март кога температурите се попријатни. Инаку во текот на летните месеци во овој град нема надворешни активности , толку многу е топло што повеке од 10 до 15 мин. никој не може да остане подолго на отворено. Дури храната населението ја купува со нарачка и испорака до адресата на живеење. Но сепак надлежните се потрудиле за удобноста на жителите и посетитетелите во секој дел од годината. Се е климатизирано, а изградени се километри долги тунели и  премини до најсовремените метро станици. Метрото во Дубаи е најсовремено автоматизирано, беспрекорно е организирано со кое може да стигнете до секое посакувано место. Интересно е кога патувате со околу 100 км на час без возач и пред секоја станица се слуша пријатниот глас на арапски и на англиски јазик ,, вратите се затвараат -отвараат а вие сте на таа станица. Алтернатива е и такси превозот кој  е лесно достапен.

Досега таков ред за чекање такси немам видено , километарска колона на такси возила, се чека во ред еден по еден и без никакви турканици секој го добива своето такси.  Еден од поинтересните факти е тоа што Дубаи е град во кој нема криминал и е едно од најбезбедните места во светот. Секој треба да ги почитува законите на овој емират , пиење алкохол на јавни места е строго забрането дури и влез во јавен превоз во алкохолизирана состојба во спротивно се оди во затвор, забрането е снимање или сликање на државни објекти, забранета е дрога или било какви опојни средства. Пример  ... пријател на наш пријател е осуден на 20 год затвор само поради тоа што во неговата торба е пронајден афион, оној кој се користи како додаток на храна .

Ако овие нешта би ги ставила како лоши страни, добрите страни да се биде и живее во овој град се; платата се зема и не се плаќа никаков данок на неа , 11 месеци се работи а 12 тиот месец компанијата го плаќа годишниот одмор при што е вклучена и повратна карта. Оној кој ќе добие виза  за работа  во Дубаи автоматски со визата  му е платено и здраственото осигорување.

Дубаи денес е привлечно место за работа повеке од 70 отсто од населението овде се странци , најголем број Индијци, Пакистанци, Филипинци, Иранци … само 20 отсто се автохтоно население. Оние кои се високо квалификувани овде можат убаво да заработат. При вработувањето рангирањето оди по следен принцип, на 1 место е квалификацијата, Емиратите бараат високо квалификувана работна сила, на второ место е националноста. Во Емиратите Европејците се барани и посакувани... Пример- еден ИТ инжињер може да заработи од 10000 до 15000  долари но секако ова важи за Европејци додека оние кои доаѓаат од азиските држави Индија, Пакистан нивната плата се движи до 8.000 до 9 000 долари. Најдобро платени се Англичаните, Американците, Германците, Швајцарците. Странците се во секој сектор дури и во полицијата: Пакистанци и Индијци но доколку течно го говорат арапскиот јазик, но не можат да се најдат во власта или пак на аеродромите, тоа е задолжителна за Арапите. Но најжално е овде кога се гледаат градежните работници кои за 500 долари месечно работаат на високи температури. Од нивните раце никнуваат најубавите згради секоја различна и повисока од другата.

Цените за домување се разлчни се зависи во кој дел од градот е сместувањето. Отприлика апартман студио започнува со 2000 долари.

Како што кажав Дубаи е градот кој расте од пустината, поделен е на традиционални и монденски квартови ,пример Dubai Marina, и Jumeriah Beach Residence лично за мене најубави, море, плажи облакодери … Downtown, Business Bay каде се најпознатите фирми од областа на ИТ инжињерството и многу други , Dubai Media центарот на јавните медиуми , Internet city, Festival City... Но Дубаи според мене има две лица , монденско и традиционално, кои толку многу се разликуваат меѓу себе. Да се посети стариот дел од градот според мене е задолжително, бидејки само тука може да се осети топлата арапска ноќ , да се виде од каде потекнуваат владателите на овој емират кои се  возвишено горди на своето потекло па со гордост ги носат своите традиционални бели облеки задолжително со папучи .

Арапите го сакаат раскошот иако потекнуваат од пустина, сите поседуваат огромни куќи со големи дворови и моќни автомобили со кој звук го параат воздухот и будат немир во душата додека сјајот и раскошот ја исполнуваат душата. Раскош на секој чекор. Во Дубаи изгледа никогаш не се задоволни па го направиле Burj Al Arab единствениот хотел со 7 звезди во Светот. Арапите плаќаат од 5.000.000 до 15.000.000  долари годишно за златните членски карти за ова ,,бродско сидро,, сместено на вештачко островче опколено со море, доаѓаат со хеликоптери слетувајќи на последниот кат , на кој се наоѓаат тениски игралишта. Едно ноќевање овде чини и по 24.000 долари но повторно како што ми кажа сопругот при неговото отварање им се нудело ноќевање од 50 до 100  долари. Ама денес тоа е едно од најмонденското место во Дубаи каде екстремно богати личности доаѓаат на вечери и забави, а ние обичните луѓе можеме да си купиме влезница од 100 евра со која можеме да добиеме кафе, чај или сок и ќе уживаме во раскошот и сјајот на овој објект. Спектакуларен е стаклениот простор меѓу последнте катови исполнет со вода и разновидните риби во него.

Бурѓ Калифа една од највисоките и најпознатите згради во Светот. 145 ката изгрдена во непосредна близина на познатиот Дубаи Мол. На почетокот на изградбата името и е Бурѓ Дубаи но со финансискиот крах на Дубаи во 2008 немаат пари да ја доградат оваа зграда, па во пресрет им излегува шеикот Калифа шеик на Абу Даби инаку роднини на семејството Мактумб и така оваа зграда денес го носи името Бурѓ Калифа. Па затоа и финансиските приходи од неа одат на сметка на шеиците на Абу Даби. Еден интересен податок , еден енормно богат индиец има купено 45 апартмани во оваа зграда.

Кога небото е покриено со облаци се гледа како оваа зграда се вивнува високо над небото .  Овде се најскапоцените апартмани. За време на Рамазан оние кои живеат на последните 2 дела од зградата постат неколку минути подоцна.

Оваа зграда се гледа од секој дел на Дубаи но и од нејзиниот врв се гледа секоја точка од градот .  Пред неа има малото езерце со познатата фонтана Dancing Fontain koja танцува на најубавата домашна и странска музика. Танцот го започнува во ноќните часови танцувајќи со најубавите светла заедно со фасадата на Бурѓ Калифа. Кога фонтаната танцува бротчињата не пловат , сите уживаат во  нејзината грациозност и убавина. Се слушаат само воздушки и блицеви на фотоапарати. Инаку, кој не би сакал да го посети најголемиот и најлуксузниот трговски центар Дубаи Сити Мол , се‘ е луксузно, огромен трговски центар, на секое место има електронска мапа со цел да не се загубите, тука можете да се дружите со ајкули, ражи и разновидни риби... Доколку се уморите од одење од продавница до продавница може да си земе електрична кола и така обиколката станува полесна.

Иако Дубаи е град од пустина и е еден од најсувите градови кога сте овде ова чуство недостасува, има зеленила, цвеќиња, тука е и најголемата цветна градина ,, Дубаи миракл гарден ,, составена од повеќе стотици милиони цвеќиња, ве опвива најубав цветен мирис . Последниот пат кога бев еден нововенчан пар од Индија имаше приредено за своите гости свадбено патување во оваа градина.

Најубавиот вештачки остров Palm Jumeirah направен од илјадници тони песок носен од пустина и од морското дно , илјадници тони карпи е место на најскапоцените вили на светски познати ѕвезди. Тука е и далеку прочуениот хотел Атлантис, тоа е место кај што можете да се сретнете со најроазновиден подморски живот. До него се стигнува патувајќи со магнетен воз познат по името Монореил кој поминува низ најубавите предели се‘ до морските ширини. Но влагата овде е толку голема што не е баш лесно да се пешачи покрај брегот на овој вештачки остров дури и во доцните ноќни часови.

Дубаи е прекрасен и за одмор, имаат преубаво море, имаат најубаво зајдисонце … иако температурите на воздухот се високи, седејќи на плажа блиску до обалата не се чувствува таа топлна, дури и сончањето овде ми беше попријатно отколку на Егејско , Јадранско или некои други наши околни мориња. Водата е нешто посебно, тоа со зборови не се опишува, а  длабоко во водата имаат поставено  направи за разбивање на таласите па и пливањето овде е безбедно. Од првото мое доаѓање во Дубаи и мојот прв одмор јас веќе не планирам одмор на друго место.

Знаејќи дека е арапска земја нормално е да имаат и плажи за фамилијарни луѓе .

Дубаи е неисцрпен, незаменлив … До следното видовање во Ноември месец мој Дубаи.


*С.А.Н.