Совршен партнер не постои, но постои личност која совршено може да Ве надополни: Бојана Скендеровски и сопругот модно усогласени, испратија моќна порака

Добивај вести на Viber

Пејачката и водителка Бојана Скендеровски, веќе седум години ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Тие ја користат секоја прилика да си ја искажат својата љубов и често објавуваат фотки од нивните семејни моменти.

Сега Бојана објави фотографија со сопругот Васко, и двајцата модно усогласени во црни комбинации со бели детали и сподели моќна порака за љубовта:

- На секој од нас ни треба сродна душа, рамо за плачење, личност со која ќе наздравуваш за победите, и ќе се тешите во поразите, совршен партнер не постои, но постои личност која совршено може да Ве надополни… кога ќе ја најдете таа личност, сакајте ја и почитувајте ја, и чувајте ја - напиша Бојана покрај фотографијата со сопругот.

View this post on Instagram

A post shared by Bojana Skenderovski (@bojanaskenderovski)


Бојана за Васко вели дека е најдобриот сопруг на светот и често споделува приватни семејни моменти со емотивни посвети и моќни пораки.