Стил на денот: Кејти Холмс и ќерката во опуштено издание со бохо стил

Добивај вести на Viber

Кејти Холмс беше фотографирана во Лос Анџелес во опуштена прошетка со ќекрата Сури, која ја има од бракот со Том Круз.

За оваа пригода тие имаа усогласени комбинации и двете носеа фустани во бохо стил. Актерката секогаш води грижа за изгледот на својата миленичка.

Бохо стилот е актуелен ова лето, а овие фустани се соодветни за сите жени. Со оглед на тоа дека епидемијата на коронавирус се уште е во ек, мајката и ќерката покажаа одговорност и носеа маски, кои се усогласија со стилот.