Стил на неделата: 5 начини како да носите бела кошула како вистинска Французинка оваа пролет

Добивај вести на Viber

Што да речеме за францускиот стил, без тоа веќе да не е кажано?

Уште од кога знаеме за модата, знаеме и дека Французинките се олицетворение на стилот и вкусот. Тие ја негуваат едноставноста, класицизмот и елеганцијата, на ноншалантен, скромен начин што им се чини како вроден. Можеби затоа се сметаат за најстилизирани жени во светот?!

Во секој случај, оваа сезона нè потсетуваат на уште една модна лекција - белата кошула е парче што мора да го имаме во плакарот. Широка или тесна, со деколте или јака, со пуф или редовни ракави - повторно е тренд број еден.

Од Брижит Бардо и Џејн Биркин, сè до Џeин Дамас, најпознатите Французинки во светот демонстрираа како се носи ова парче. Нивниот единствен таен трик? Внимавајте да не одите предалеку со откопчувањето, бидејќи шик изгледот лесно може да се претвори во несоодветен.

Оваа сезона, Јаcquаmus го пресоздаде класичниот модел и претстави модерна кошула од тантела, која може да се носи во сите прилики. Затоа, заборавете на нивната строго деловна цел и играјте со парчињата и материјалите.

Под џемпер или фустан, со шорцеви или ѕвонарки, на потпетици или патики - нема правила за комбинирање. Може да личи на фустан, па дури и на пижами, но тоа е нејзиниот шарм.

Инспирирајте се од овие аутфити и создадете ја својата уникатна модна комбинација со помош на бела кошула:





iz



извор:elle.rs